Она што е уникатно за појадокот како предмет на истражување, е што тој е тема која најсериозно страда од склоноста на оној што ја студира. Арон Карол во Њујорк Тајмс пишува за студијата објавена во 2013-та во Американскиот журнал за клиничка исхрана, во која истражувачите ја рецензираат литературата на тема - влијанието на појадокот врз дебелината.
"Тие прво забележуваат дека истражувачите кои работат на оваа тема се заљубени во објавување резултати кои ја покажуваат корелацијата меѓу прескокнувањето на појадокот и дебелината. Тие сакаат да го прават ова, пак и пак. По одреден момент, нема причина зошто да се продолжи со објавување на ова.
Меѓутоа тие исто така откриваат и сериозни пропусти во објавувањето на резултатите. Луѓето постојано се склони кон интерпретирање на нивните резултати во корист на врската меѓу прескокнувањето на појадокот и дебелината. Тие несоодветно користат условен говор во опишување на своите резултати. Тие наведувачки цитираат други резултати. И тие исто така несоодветно користат условен говор во цитирање на резултатите од други истражувања. Луѓето веруваат, и сакаат ти да веруваш, дека прескокнувањето појадок е лошо," објаснува Карол.
Друга студија од 2014-та, со како што Карол објаснува "повеќе финансиски судири на интереси отколку што мислев дека е возможно", покажува дека не направило никаква разлика во однос на тежината кога натерале луѓе што не појадуваат да почнат да јадат наутро, а оние што редовно појадувале да почнат да го прескокнуваат утринскиот оброк. Студија од 1992-ра која го спроведува истиот експеримент, открива дека и двете групи паднале на килажа.
"Од балансирана перспектива треба да признаеме дека немаме поим што се случува," пишува Карол.
Добар дел од студиите за појадок се финансирани од индустријата за храна, и резултатите што ги даваат често пати се однесуваат на контролирани лабораториски услови. Дел од аргументот за појадок се базира на студии кои се фокусираат на деца, и тврдењето дека децата кои појадуваат имаат подобри резултати и однесување на училиште. Според Карол едно од објаснувањата за ова е дека храната навистина ги подобрува перформансите на децата посебно на оние што немаат да јадат. По негови бројки во САД гладуваат околу 15 милиони деца, или секое седмо домаќинство во земјата.
На крај неговата порака е:
"Доказите за важноста на појадокот се прилично измешани. Ако си гладен, јади. Ама немој лошо да се чувствуваш ако попрво би го прескокнал појадокот, и не ги слушај тие што ти држат предавања. Појадокот нема никакви мистични моќи."