Луѓето кои ја преживеале оваа опасна и смртоносна инфекција се соочуваат со долгорочни здравтвени проблеми како што е губење на меморијата и депресија која во ди кон суицидалност.
Тие и во акутната фаза имаат сериозни невролошки компликации како менингитис кој може да доведе до кома. Шест месеци подоцна, повторно проблеми, утврдила студија на американски научници спроведена на преживени во Либерија.
Околу две третини од овие лица имале општа слчабост, редовни главоболки, губење на помнењето и симптоми на депресија а во време на проценката некои од нив имале и активни суицидални мисли.
Сериозен проблем е што и по излекувањето дел од овие луѓе и натаму го имаат вирусот во себе. 38% биле позитивни на ебола една година дена после излекувањето. Во најекстремниот случај еболата останала во организамот цели 18 месеци. Голем дел од тие луѓе се сексуално активни а употребата на кондоми е вистинска реткост.