Изгледа се исплатеше целото полевање со мраз од пред 2 лета

Летото 2014 народ си најде занимација и оправдување да се полеваат со вода по основа на кревање свесност околу Лу Гериг болеста (АЛС). Неодамна е објавено дека фондовите од Ајс бакет челинџ помогнале во откривање на еден од гените кои ја предизвикуваат болеста.

 

Откритието е од Медицинската школа на Универзитетот Масачусетс, чие истражување било овозможено благодарејќи на 1 милиони долари донирани од АЛС асоцијацијата.

Научниците од Универзитетот го идентификуваат NEK1 генот, чии варијанти овозможуваат подлабоко разбирање и третмани за семејни и спорадични случаи на АЛС.

Генот се поврзува со околу 3% од сите случаи на АЛС, меѓутоа е важен заради присутноста и во наследните и во спорадичните форми на болеста, што им овозможува на научниците "подобро да сфатат што ја предизвикува и како да најдат подобар третман за неа."

На страна медицинскиот напредок, успехот е посебно значаен за сите што ја водеа кампањата, која беше критикувана дека е измама и дека луѓе не обрнуваат внимание на проблемот, туку само се полеваат со вода. Крајниот баланс беше собрани околу 100 милиони долари во рок од 30 дена.

"Посебно сум возбуден да им покажам на сите што учествуваа во предизвикот дека нивните донации имаа влијание на истражувањето. Работата на проектот беше многу важна, а откритието на овој нов ген ќе помогне подобро да ја разбереме АЛС," изјавил заменик претседателот за комуникации и развој на АЛС асоцијацијата, Брајан Фредерик.

Некои од луѓето што го прифатија предизвикот

Бил Гејтс


Марк Зукерберг


Меси, Нејмар, Роналдо, Балотели


Стивен Спилберг


Џими Фалон и компанија

И уредничката на Вог се одважи:

27 јули 2016 - 09:35