Стандардната судбина беше дека мажи над 50 треба еднаш годишно да одат на преглед на простата, како дел од превенцијата против рак и негово рано откривање. Прегледот се состои од тест на крвта и аналогна проверка која се врши преку ректумот.
Ова комбо што функционира некаде од 70-те, го анализираат истражувачите од медицинскиот центар Вејк Форест Баптист, и заклучуваат дека ректалниот преглед е "клиничка реликвија" и "изложува голем број мажи на инвазивни, потенцијално непријатни прегледи со релативно мали придобивки."
Споредувајќи долгогодишни резултати од проверките во Европа и Северна Америка, истражувачите откриваат дека тестовите за крв даваат далеку подобри резултати отколку рачните проверки во рано откривање рак. Спорни се околу 2% пациентите во кои проверките успеале да најдат абнормалност каде тестовите вратиле нормални резултати.
Ставот во студијата е дека во други околности, во кои ракот на простата би се сметал за епидемија која незапирливо се шири, овие 2% би биле доволни за да се оправдаат ректалните прегледи. Меѓутоа во денешната состојба тимот заклучува дека овие 2% не ги вредат безбројни часови паника, непријатност и нервоза кај машките пациенти.