"Во однос на однесување на еден идол, користењето чаши, вендузи, може да е поопасно отколку матна слика со бонг (по која почнаа проблемите на Фелпс околу користењето марихуана) бидејќи ги мотивира луѓето да не веруваат во наука.
Она што го издига ова само-повредување од психопатологија во најнов тренд е фактот дека било 'стара кинеска терапија.' Ова не се игнорантски и скептични наводници - луѓето во Кина навистина ја користат со векови, и како терапија - туку преформулирање на заеднички фраза која е клучна за привлечноста на оваа пракса. Нешто околу нејзината несекојдневност и не-западност, и дава некаков анти-естаблишмент кредибилитет," пишува Џејмс Хамблин за Атлантик.
Хамблин има два мотива за ова што го пишува, прво, луѓе џабе да не фрлаат пари кога не се свесни дека фрлаат пари, и второ, дека користењето чаши имало "многубројни бенефити кои се ограничени само од нечија фантазија."
Самата пракса нема ниту еден научен доказ дека функционира, ова делумно и затоа што таа не е изучувана на големи, контролирани клинички студии. Главна причина зошто не е изучувана е дека има силен плацебо ефект, посебно во "сегменти кои се психолошко зависни, како спортови на највисоко ниво." Токму немањето клинички докази за функционирање е еден од столбовите во успешноста на продавањето на оваа терапија.
"Работи како вендузи, криотерапија, хелација и интравенозна терапија со хранливи состојки, се продаваат во овој простор ('алтернативната' медицина) токму поради фактот дека не е докажано дека функционираат. Оваа пракса има многу сличности со политичкиот подем на Доналд Трамп, чија привлечност за многумина е токму неговото немање искуство и недостатокот на лидерски квалитети и карактеристики. Ваквата реакционерна привлечност ќе опстане во здравјето исто како и во политиката, наспроти секој спротивен доказ, и покрај недостатокот на механизам кој ќе ја потврди.
Кога најодликуваниот Олимпиец во историјата служи како билборд за вендузи, не очекувам што било што ќе кажам јас да ја смири претстојната плима. Исто така не сакам да бидам тој што ќе создаде некакво забрането овошје. Па се сведува на тоа дека: ако имаш вишок време и пари, и терапијата со чаши прави убаво да се чувствуваш, и тоа не го правиш на сметка на здравствени терапии базирани на докази, и немаш никакви пореметувања со згрутчувања на крвта или какви било други контраиндикации, тогаш веројатно ова нема да ти наштети на ниту еден друг начин освен болката што ќе ти ја предизвика," порачува Хамблин.