Иако штетните ефекти на е-цигарите се потврдени, ново истражување покажува дека староста, типот и температурата што ја крева електронската цигара влијае на тоа колку е токсична пареата од нејзе. По пат истражувачите откриваат и уште две претходно неоткриени канцерогени состојки во течноста за е-цигари.
Резултатите се од американската Национална лабораторија Лоренс Беркли, а според нив најголемиот дел од токсичните хемикалии во пареата доаѓаат од топлинското разложување на гликол и глицерин - две инаку безбедни за консумирање состојки кои се користат во течностите за е-цигари.
"Меѓутоа кога испаруваат, овие течности ослободуваат токсични хемикалии, меѓу кои се и пропилен-оксид и глицидол, две веројатно канцерогени состојки.
Имајќи го ова предвид треба да се знае дека не сите е-цигари се еднакви: во тестовите истражувачите откриле дека е-цигарите со два грејни елемента имале помала концентрација на штетни хемикалии, отколку оние со еден грејач. Исто така откриле дека уредите што работеле на повисока волтажа создавале пареа со повеќе токсини, како и уредите кои не биле редовно чистени.
Ова не значи дека уредите што работата на пониска температура со поздрави, бидејќи сите е-цигари ослободуваат токсични хемикалии," пишува Шон Бакли во Енгеџет.
За да нема забуна и за да не помисли некој да ги изедначи обичните и е-цигарите, ко-авторот на студијата објаснува: "Обичните цигари се супер нездрави. Е-цигарите се само нездрави."