Здравје

Умот го достигнува врвот на 55-60 години

Спортистите го достигнуваат својот максимум до 30 години, шахистите до 40, но ако се сумираат сите квалитети на човековиот ум, тие го достигнуваат својот максимум на 55 до 60 години, покажува ново истражување. Луѓето на оваа возраст се најефикасни за решавање сложени проблеми и лидерство. Ете им научен аргумент на властите да ја зголемат возраста за пензионирање.

Деца врзани на социјалните мрежи послабо читаат и паметат

Децата што подолго време остануваат врзани на социјалните медиуми подоцна покажуваат послаби резултати на тестовите за читање и паметење, потврдува ново истражување. Принципот на кој функционираат мрежите и нудењето лавина од површни содржини ја намалува потребата за концентрација и целосно ја менува способноста на умот за обработка на информациите.

Антибиотиците ја губат битката

Светската здравствена организација пријавија остар глобален пораст на инфекции отпорни на антибиотици во болниците. Експерти предупредуваат дека бактериите ја надминале критичната точка во својата битка со лековите, поради што бројот на смртни случаи предизвикани од овие инфекции може да се зголемат за уште 70% на смртни случаи до средината на овој век.

Кенеди: Обрежувањето го дуплира ризикот од аутизам

Американскиот министер за здравство го посочи и обрежувањето на новороденчиња како фактор за зголемување на бројот на случаите на аутизам. Вели дека двојно го зголемува ризикот. Причината не е самиот оперативен зафат што се практикувал со векови наназад, туку вообичаеното препишување Тиленол (парацетамол) за да им се ублажи болката на обрежаните момчиња.

Црн дроб од свиња успешно пресаден на човек

Кинески хирурзи се првите што успешно пресадиле дел од црн дроб на свиња во тело на човек. Трансплантираниот дел ја извршил својата функција и помогнал да се регенерира целиот орган. Бил отстранет по 38 дена, бидејќи пациентот веќе бил загрозен од напреден рак и цироза. Целта е органи од свиња барем привремено да спасат пациенти додека чекаат соодветен црн дроб од човек.

Прв тест за откривање на подмолниот хроничен замор

Развиен е првиот тест за дијагностицирање на Синдромот на хроничен замор. Уште не се познати причините за оваа состојба која се развива бавно и може да биде препознаена дури кога ќе ги преоптовари телото и умот. Останува без дијагноза во 90% од случаите. Зачестил по панедемијата и се поклопува со долгиот ковид, што укажува дека од синдромот веројатно страдаат стотици милиони луѓе.

Да си преслаб е бетер отколку да имаш вишок

Во свет каде што виткоста најчесто се изедначува со здравјето, една нова данска студија го превртува наративот на глава: малку прекумерната тежина, па дури и благата дебелина, не е толку страшна по должината на животот како што се мислеше досега. Обратно, тоа може да биде и подобра форма отколку да е човек слаб.

САД ја укинаа препораката за вакцинирање против ковид-19

Центрите за контрола и превенција на болести повеќе не ги препорачуваат вакцините против ковид-19. Американците ќе може да се вакцинираат на доброволна основа. Од лекарите се бара потемелно да ги информираат пациентите за придобивките, но и за ризиците од вакцините. „Се врати согласноста врз основа на информираност“, изјави директорот на ЦДЦ, Џим О’Нил.

Репрограмирани матични клетки од човек подмладиле мајмуни

Генетски модифицирани матични клетки од човек трансплантирани кај мајмуни ги поништиле клучните знаци на стареење. Биле подмладени 10 главни физиолошки системи и 61 тип на ткиво. Третираните мајмуни имале подобрена меморија, поздрави мозочни структури, посилни коски и обновена репродуктивна функција. Притоа не се појавиле тумори и не биле оштетени ткивата.

Илјадници жени што развиле мозочен тумор го тужат Фајзер

Фајзер на суд ќе се брани од колективната тужба на повеќе од 1.000 жени што тврдат дека развиле тумор на мозокот по користење на хормонско средство за контрацепција. Фармацевтскиот гигант не ги предупредил потенцијалните корисници и лекарите за ризикот од развој на интракранијален менингиом ако инјекцијата Депо-Провера се користи повеќе од една година.

Оплодиле јајце-клетка создадена од кожа 

Американски научници го потврдиле контроверзниот концепт дека е возможно да се создаде човечки ембрион без биолошка мајка, со генетски материјал од двајца мажи. Наместо јајце-клетка успешно оплодиле генетски манипулирана и осакатена клетка од кожа. Сите рани ембриони создадени во експериментите имале хромозомски абнормалности и не можеле да се развијат во бебе.

Кинески лепак за коски санира фрактури за три минути

Научници во Кина развија хируршки лепак кој овозможува речиси инстантно лекување на фрактури кои со традиционалните третмани заздравуваат со месеци. Откако ќе ја изврши функцијата лепакот се разградува во телото. Се избегнуваат сложени операции на вградување метални шипки, кои може да бидат отфрлени од телото или треба да бидат отстранети со нова операција.

Со вештачките засладувачи го забрзувате Џо Бајден во себе

Истражување утврдило сериозна поврзаност на користење вештачки засладувачи со пад на конгинитивните функции како што е размислувањето и меморијата. На умерените потрошувачи стапката на опаѓањето била за 35% а на сериозните косументи дури за 65% повисока. Мозокот предвреме им остарел 1,6 години.  

Производителот на „тиленол“ со години го криел ризикот од аутизам

Медиумите и експертите за јавно здравје, сè до СЗО, го отфрлаат заклучокот на претседателот Трамп и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, дека лекот тиленол земан во текот на бременоста е поврзан со зголемување на случаите на аутизам. Не и производителот на лекот, кој со години знаел за ризиците и наместо да ја предупреди јавноста барал начин да ја избегне одговорноста.

Здрави гени и јогурт се испробан рецепт за долговечност

Нутриционисти и лекари не бомбардираат со информации за диети, вежби и други рецепти со кои човек може да си го продолжи животот. Сега прв пат е спроведено темелна студија на конкретен пример. Научници ги истражувале гените, протеините, метаболитите, микробиомот и животните навики на своевремено најстарата жена на светот. Нивниот заклучок накратко: Јогурт три пати на ден.

Прв пат излекувани пациенти од Хантингтонова болест

Лекари првпат успеаја да излекуваат пациент од Хантингтонова болест, една од најсуровите и најразорните за мозокот. Болеста генетски се пренесува и немилосрдно ги убива мозочните клетки предизвикувајќи симптоми што се комбинација од деменција, Паркинсонова и моторна невронска болест. Третманот е сложен и скап, но надеж дава успехот од 75% при првичните истражувања.

Трамп: Парацетамолот е причина за аутизмот

Администрацијата на Трамп тврди дека нашироко користениот лек тиленол, кај нас познат како парацетамол, е главната причина за аутизмот кај децата. На денешната прес-конференцијата, која ја опиша како „историска“, тој ќе претстави и лек со кој може да се третира аутизмот, кој е дијагностициран со повисоки стапки кај децата во САД во изминатите неколку децении.

Здравите црева бараат гушкање

Пре-, про- и пост-биотиците се популарна, скапа и слаба замена за она што треба да го прават, да ја обноват здравата цревна флора која е исклучително важна за општото здравје. Постојат поефикасни природни начини да им помогнете на цревата и нивниот микробиом. На пример, малку да ги извалкате рацете. На пример, да гушнете некого. 

Колку долго треба да можете да стоите на една нога?

Нашите тела се менуваат како што старееме: од брчки до слабеење на меморијата и способноста за варење одредена храна. Освен ако не сте по јогата, не се случува често да треба да стоите на една нога. Нормално, не сте фламинго. Но, краток тест може да открие доста за вашето физичко здравје. Стоењето на една нога може да биде добар показател колку добро стареете.

Нови препораки за вакцинирање деца во САД

Со новите препораки се разбива комбинираната имунизација од варичела, мали сипаници, заушки и рубеола во една вакцина кај деца под четири години. Тоа се поврзува со напади на треска кај децата по првата доза. Оспорена е и досегашната препорака за вакцинирање на сите новороденчиња против хепатитис Б, а не само на оние со ризик дека може да го наследат од мајката.

Две години бил болен од ковид

Научници темелно испитуваат маж што повеќе од две години бил болен од ковид-19 за да откријат како вирусот SARS-CoV-2 мутира кога е вгнезден толку долго во исто тело. Пациентот бил специфичен случај – веќе бил имунокомпромитиран кога се заразил со ковид и во крвта имал дваесетина пати помалку имунолошки Т-клетки во споредба со здрав човек.

Капки наместо очила за читање

Специјално изготвени капки за очи би можеле да им помогнат на луѓето што имаат тешкотија да читаат текстови, а не сакаат да користат очила, не трпат леќи или не сакаат операција. Капките два-три пати на ден се покажале како ефикасни во разни концентрации, но се препорачуваат само како привремена помош. Ако се претера со користењето, се зголемува ризик од несакани ефекти.

Вакцината против ковид поврзана со 25 смртни случаи кај деца

Американските здравствени власти ги поврзуваат вакцините за ковид-19 со смртни случаи на 25 деца. Ова тврдење, врз основа на податоци од јавна база, ќе биде претставено пред советодавниот комитет на Центрите за контрола и превенција на болести идната недела, за да разгледа дали да се ограничи имунизацијата против ковид на потесни групи и дали вакцините треба да останат бесплатни.

Зошто алкохолот сè потешко се трпи со годините?

Пиењето е добро сè додека можеме да го задржиме во умерени граници. Но, ефектот на умереноста - дефинирана како не повеќе од две пивца/чаши вино/чашки ракија за мажи и пола од тоа за жени - се менува со возраста. Помладите можат да издржат повеќе, а постарите, иако имаат поголемо искуство, трпат помалку. Сето тоа е поради губењето на ензимите што го преработуваат алкохолот.