Оплодиле јајце-клетка создадена од кожа 

Американски научници го потврдиле контроверзниот концепт дека е возможно да се создаде човечки ембрион без биолошка мајка, со генетски материјал од двајца мажи. Наместо јајце-клетка успешно оплодиле генетски манипулирана и осакатена клетка од кожа. Сите рани ембриони создадени во експериментите имале хромозомски абнормалности и не можеле да се развијат во бебе.

Кога манипулираната клетка од кожа биле оплодена со сперма, таа почнала да се развива во ембрион, но експериментот бил запрен на шестиот ден – во моментот кога при класично ин витро оплодување ембрионот би бил префрлен во матката.

Авторите на истражувањето од Универзитетот за здравство во Орегон укажуваат дека е малку веројатно дека ембрионот би се развивал во матката. Сепак, велат дека техниката еден ден би можела да се примени како алтернатива на ин витро оплодување.

На овој начин би можело да обезбеди неограничено снабдување со свежи јајце-клетки за жени кои имаат тешкотии да забременат поради возраст, неплодност или медицински третман, но би можело да се користат и за создавање бебиња со двајца биолошки татковци.

ДНК-та на клетките на кожата може да потекнува од секого, дури и ако тие лично немаат јајце-клетки - постари жени, жени по третман на рак, родени без јајце-клетки, мажи... Тоа е начин да се произведат јајце-клетки генетски идентични со лицето што донира клетки од кожата, и им овозможува да се размножуваат за да имаат генетски поврзано дете, објаснува докторката Паула Амато, професорка по акушерство и гинекологија на Универзитетот за здравство во Орегон.

Тимот создал 82 функционални јајце-клетки, кои биле оплодени во лабораториски услови. Само 9% продолжиле да се развиваат во рани ембриони - бластоцисти, и сите страдале од абнормалности.

Некои ембриони се развија до фаза на бластоциста, пет до шест дена по оплодувањето, но сите имаа абнормален комплемент на хромозоми, премногу или премалку или ниту еден од секој пар, што значи дека немало да се развиваат во нормално бебе, додава професорката Амато.

Јајце-клетките и сперматозоидите се различни од другите клетки во телото бидејќи нивната ДНК имаат само 23 хромозоми, половина од вообичаениот број. Кога се спојуваат, тие создаваат целосен сет, генерирајќи индивидуа со единствена ДНК.

Од 1990-тите научниците се во можност да пренесат јадро во јајце-клетка од донор за да создадат клонови. Но, клонирањето се смета за неетичко кај луѓето и не произведува единствена единка.

Новиот процес се нарекува „митомеоза“ и започнува со истиот процес како клонирањето - префрлање на јадрото од клетка на кожа во јајце-клетка од донор - но потоа ја наведува јајце-клетката да се откаже од 23 од своите хромозоми. Техниката произведува одржлива јајце-клетка која може да се комбинира со 23-те хромозоми од спермата, имитирајќи го природниот процес на оплодување. Ембрионот потоа би можел да се имплантира кај мајка или сурогат.

1 октомври 2025 - 11:22