
Истражувачи од Кинеската академија на науките зајакнале човечки матични клетки со гени поврзани со долговечност, создавајќи „мезенхимални прогениторни клетки“ (SRC), кои се поотпорни на стареење.
Како и сите клетки, SRC стареат и со времето престануваат да се делат. Уште полошо, тие испуштаат воспалителни молекули, сигнали од лузни на ткивото и други токсични сигнали што го забрзуваат стареењето во соседните клетки.
Истражувачите се фокусирала не протеинот FoxO3, познат како регулатор на генот за долговечност. Кај здрави млади клетки, FoxO3 делува како оператор на централа, кој ги поврзува патиштата за поправка на ДНК, антиоксидантната одбрана и програмите за отпорност на стрес. Кај постарите клетки, активноста на FoxO3 се намалува - оставајќи ги ранливи на оштетување. Хидрата, слатководен организам способен за постојана регенерација, во голема мера се потпира на FoxO за да ги одржи своите матични клетки активни.
Модификуваните клетки биле трансплантирани кај мајмуни макаки на возраст што соодветствува на 60 до 70 години од животниот век на човекот. Во текот на 44-неделно испитување, кај мајмуните што добивале интравенски инфузии на SRC биле забележани знаци на подмладување на 10 главни физиолошки системи и 61 тип на ткиво. Третираните мајмуни имале подобрена меморија, поздрави мозочни структури, посилни коски и обновена репродуктивна функција. Анализи на ткивата покажале намалувања на атрофија на мозокот, остеопороза, фиброза и натрупување на липиди.
Трансплантираните клетки не предизвикаа тумори или оштетувања на ткивото, што долго време беше голема пречка во терапијата со матични клетки, забележуваат авторите.
На клеточно ниво, SRC го намалил бројот на стареечки клетки, ги потиснал хроничните воспаленија и го зголемил бројот на прогениторни клетки во нервните и репродуктивните ткива, дури и го стимулирало производството на сперма. На молекуларно ниво, терапијата ги подобрила геномската и одговорот на стрес и го вратила балансот на протеините. Алгоритмите за биолошки часовници процениле дека третманот ја променил возраста на незрелите неврони за 6-7 години, а ооцитите биле подмладени за околу 5 години.
Терапијата со SRC потенцијално нуди заштитна ефикасност низ меѓусебно поврзани системи како што се нервниот, репродуктивниот и имунолошкиот, заклучуваат научниците од Кинеската академија.