Здравје

Депресивно големиот бизнис со маски против загадување

Како што започнаа, веќе традиционалните, есенски пожари низ Калифорнија така тамошните власти препорачаа граѓаните да почнат да користат N95 маски (бројката означува дека филтрираат најмалку 95% од честичките). Како што народ почнаа да слуша препораки, така аптеките низ големите градови останаа без ниту една маска.

Рибиното масло и витаминот Д разочараа

Долго се очекуваа резутатите од едно повеќегодишно истражување за долгорочните ефекти од земањето витамин Д и рибино масло како суплементи. Конечно излегоа. Некој џабе се клука. 

Путеру, путеру

Една многу примамлива логика вели дека путерот (и останати заситени масти како месо, сало, млечни производи) се погрешно осудувани како штетници, и дека целата вина треба да падне на шеќерот. Не е баш така како што звучи.

Додека не си се изгорел и на алкална вода

Пред да добие залет и религиозно посветени следбеници, авансно да проговориме за нешто што се вика - алкална вода. Производот треба да е нешто на раб на еликсир на животот, и во јавност има силен грб (Бијонсе, Том Брејди), а во науката не баш.

Има и бетер од пушење цигари, и се вика кауч

Во категоријата „најголем проблем за вашето здравје“ немањето физичка активност е поштетно отколку пушење, дијабетес и срцеви заболувања.

Најголем ризик за пандемија се виралните дезинформации

Следната смртоносна пандемија нема да се случи затоа што човештвото е слабо со превентивни научни методи и техники туку затоа во ова дигитално време, луѓето меѓусебно лесно се заразуваат со лажни информации и глупоштини.

Ако сакаш да ја спасиш планетава, веганството не е решение

Кога инсистираш дека месната и млечната индустрија ја уништуваат Земјата, не можеш да прескокнеш дека идентично штетни се и полињата соја и пченица.

Пробиотици и зошто не

Да не звучат многу нападно од Њу сајантист објаснуваат дека пробиотиците во најголем дел се бескорисни. Да не биде па дека се неодговорни потсетуваат дека освен ова пробиотиците можат и да ти наштетат.

Тоа со 10.000 чекори на ден не го бива

Логиката е што сакаш прави во текот на денот, само гледај некако да минеш 10.000 чекори, без разлика дали тоа било цупкање во место, шетање по продавници или пешачење на планина. Ним им е сеедно, се додека се 10К.

Хомеопатска компанија повлекува над 600 производи

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) откри „високи нивоа на микробна контаминација“ во производите на Кинг био наменети за луѓе и животни. Од компанијата објаснуваат дека повлекувањето го прават повеќе од атер на ФДА, отколку што нешто имало.

Кокосово масло, уште еден паднат херој од „суперхрана“

Дури и ако по некои основи на нутриционизам ти е јасно дека кокосовото масло не е „чист отров“, до сега треба да ти е идентично јасно дека тоа е далеку од „суперхрана“, како и сè што до сега прогласија за „суперхрана“.

За епидемијата на деца што го минуваат распустот пред монитор

Докторите треба да препишуваат „играње на рецепта“ за да можат да се справат со дебелината и проблемите со менталното здравје кај децата, препорачува првиот човек на Канцеларијата на комесарот за деца на Англија.

Што се случи за вака да се угоиме?

Како што ќе каже една снајперски прецизна опсервација - како тоа сите се слаби во спотовите од 80-ти, без разлика дал екс-ју, дал странски?

Научници ви го ругаат кокосовото масло

Не само што не е здраво за јадење, туку кокосовото масло е „чист отров“, барем според Германка професорка по нутриционизам на Харвард и директорка на Институтот за превенција и епидемиологија на тумори на Универзитетот во Фрајбург.

Рекорден успех на анти-ваксерите

Светската здравствена организација побара од европските земји да се узобилат и да преземат соодветни мерки бидејќи бројот на заболени од мали сипаници на континентот бележи рекордни цифри. Водат Украина и Србија.

Европо, вакцинирај!

Експерти на Светската здравствена организација ја повикаа Европа сериозно да се зафати и посвети на вакцинирање против сипаници откако на континентот почна да се случува драма со нивно ширење.

Пак за мобилните, и овојпат лошо е

Смартфонот и нему сродни уреди преку синото светло кое го зрачат неповратно ги оштетуваат очите убивајќи клетки во нив. Истото ова светло претходно беше утврдено дека го нарушува циркадниот ритам на човекот.

Најголемиот дел од солта што ја јадеш не доаѓа од твојот соларник

Кога просечниот Американец комплетно би ја елиминирал солта што ја додава при готвење и јадење дома, тие би намалиле само 11% од вкупниот внес на сол.

Дали никотинот е штетен?

Џул е нова налик УСБ стик електронска цигара која достигна неочекувани нивоа на популарност на американскиот пазар, и, заради својот дизајн, изглед и ним разбирливи причини, има посебен успех кај малолетната публика, што е основа за Верџ да направи една ревизија на никотинот како супстанца.

Седум основи по кои Американците ја правдаат својата дебелина

Кога ќе почнеш со алишта со неброени иксови на нив, наплаќање две седишта во авион и кино-седишта со вонредни димензии, нормално е да завршиш со пазар кој бара поголеми ковчези. Просечниот Американец денес е 6,8 килограми потежок во споредба со пред 20 години, а просечната Американка за истиот период има качено 7,7 килограми.

Бесплатно здравство за сите би ги чинело САД 320 милијарди долари годишно

Проекцијата е направена на период од 10 години, во кој би се потрошиле вкупно 3200 милијарди долари, пари кои секако би се потрошиле на здравство само разликата е што овој пат ги плаќа владата на САД.

Од рибино масло има ќар само ако го продаваш

Доказите дека омега-3 рибино масло суплементите се лесен и ефикасен начин за заштита на вашето срце во најдобар случај се климави, барем ако се научниците за слушање.

Околу спрејовите за заштита од сонце

Основите по кои треба да користиш заштита од сонце се движат од крајно естетски (брчки, стареење на кожа) до крајно медицински (рак на кожа). Проблемот е што не секоја заштита од сонце е создадена иста, посебно не спрејовите.

Ни со 8 часа спиење не го бива

Иако зазема огромен дел од сечиј живот (ако имаш среќа дури и цела третина од животот) сонот е прилично нова научна дисциплина на која научниците работат од пред само околу 70 години.