Здравје

Здравствени работници и стари лица први во ред за ковид вакцина

Американското ЦДЦ приоритет за вакцинирање од ковид-19 им даде на здравствените работници на земјата и возрасните лица кои долги години живеат во старечки домови.

Русија сака да знаете дека Спутник вакцината е поефикасна отколку западните конкуренти

Тврдењето се базира на првичните резултати од тестирањето во 3-та фаза, а според нив Спутник вакцината има ефикасност „над 95%“ што е повеќе од сите досегашни западни вакцини.

Може ќе умреме од корона, ама некако подмладени

Со оглед на тоа колку науката нè изневери во давање базични одговори за пандемијава која ја дочека со прст во уста, уште долго време нема да можеме да не бидеме цинични кон помпезни најави од типот „научници успеале да го вратат стареењето во рикверц“. Добро е дечки, бркајте работа.

Докторите знаат што следува ако вака продолжи пандемијата

„Се наоѓаме на апсолутно катастрофален пат,“ ќе изјави ковид-19 докторот во најдобро подготвената болница во Соединетите држави.

Имунитетот од коронавирус може да трае со години

Примероците од крв на пациенти што ја имаат прележано болеста и закрепнале, покажале „долготрајна имунитетна реакција“, пишува Њујорк тајмс во текстот за истражувањето на Универзитетот Аризона во Тусон.

Данска студија вели нема големо фајде од маските

Голема данска студија вели дека маските не нудат битна заштита за оние кои ги носат. Дали маските ги штитат другите од себе во оваа студија не било испитувано, ама да бидеме реални, колкав е процентот на оние кои носат маска првенствено заради другите?

Ковид студија што производителите на средство за плакнење уста едвај ја чекаа

Откритието на научниците од Универзитетот во Кардиф е дека средството за плакнење уста (mouthwash) што содржи 0,07% цетилридиниум хлорид го убива коронавирусот во рок од 30 секунди.

Зошто ковид различно удира кај разни пациенти?

Зошто еден 40-годишен пациент е хоспитализиран со тешки симптоми, а друг не треба да оди ни на преглед. Постоечките болести, возраста и дебелината се дел од објаснувањето, но не и кога пациентите имаат слична возраст, минато и медицинска историја.

Сиромаштијата ќе се изначека за вакцина

Фино и смирувачки звучи најавата на Фајзер дека од вакцината за која имаат оптимистички вести, догодина ќе бидат спремни да испорачаат 1,3 милијарди дози. Само што лавовски дел од тоа веќе имаат купено или капарисано богатите земји. Порисомашните, на вакцина можеби ќе треба да почекаат до 2023 или 2024 година.

Дешифрирање на веста за вакцината на Фајзер

Една од ретките светли вести периодов беше дека првичните тестови на новата вакцина на Фајзер и Биоентеч дале многу добри резултати. И ова е важно, затоа што евентуално успешна вакцина е спасителот што го чека планетава. Меѓутоа во самата вест некои работи беа претерани, некои потценети.

Фајзер: Имаме вакцина која е 90% ефикасна

„Ова е голем дел за човештвото“, објавија Фајзер и БиоНТек соопштувајќи ги првите привремени резултати на големо истражување на ефикасноста на вакцината на која работат. 90% било повеќе отколку што очекувале.

Словачка во декември ќе прави тестови за ковид-19 на сите 5,5 милиони граѓани

Целта на тестот во декември е да се провери состојбата во земјата и дали владата може да ги олесни рестрикциите воведени заради пандемијата, изјавил премиерот Игор Матович.

Зошто Европа повторно одеднаш стана центар на коронавирус пандемијата?

Минатата недела во Европа се регистрирани 1,5 милиони (рекордни) нови случаи на ковид-19, меѓутоа не се работи за еден голем бран, туку за голем број помали бранови кои ги навјасаа здравствените системи на континентот.

Пет работи кои ги научивме за ковид во октомври 2020

Што точно значи „близок контакт“? Колку траат анти-телата? Занате ли дека после прележување на болеста, нечии мозоци се постари цели 10 години?

Училиштата не се центри за зараза од коронавирус

Податоците кои се кумулираат од сите страни на светот сè посилно сугерираат дека училиштата не се хот-спотови за зараза од коронавирус. Наспроти стравовите, ковид-19 не се разгори откако повторно се отворија школите и детските дневни центри по нивното затворање во првиот бран од пандемијата.

Вухан е речиси без анти-тела

Фамозниот имунитет на стадото е едно од најконтроверзните прашања на тековната пандемија. Од една страна имате озбилни научници кои велат дека е само прашање на време кога тоа ќе стане реалност, од друга страна имате озбилни научници кои велат да не се надеваме на тоа. И оди после сфати ги озбилно. 

Маски на отворено за умови на затворено

На почетокот на пандемијата, алфа и омега на нашата заштита од новиот коронавирус беа миењето раце и дезинфекцијата, за по некое време приматот да го заземат маските за кои сега се лобира да се носат дури и на отворено, иако за тоа не постојат никакви научни докази и аргументи. Ќе помислиме дека е тоа така само затоа што за маски полесно се казнува отколку да нè проверуваат дали рацете ни мирисаат на сапун.   

Стискате ли ко што треба?

Човечката дланка е фасцинантен гаџет. Пoкрај сите корисни (и убави, молим лепо) функции кои ги има, таа може да биде и показатал за општото физичко здравје но и за дијагностика на конкретни проблеми. Не со гледање, туку со стискање.

Имунитет за деца само од играње во зеленило

Децата кои наместо на бетон играат во зеленило, шуми, тревници, грмушки, во рок од само еден месец имале подобрување на имунитетниот систем.

Ставање крај на коронавирусот преку групен имунитет е „опасна заблуда“

Стратегијата за борба против ковид-19 која се базира на имунитет на стадо е „опасна заблуда која не е поддржана од научни докази“, се наведува во предупредувачкото писмо потпишано од 80 меѓународни научници.

Фатил корона два пати, вториот пат било бетер

Се надеваме дека во некој момент ќе бидеме имунизирани, природно или со вакцина. Па дека така имунизирани нема да можеме да закачиме ковид или поскромно, дека дури и да закачиме, тоа ќе го минеме со многу поблаги симптоми и штети. Ама сега има нова непозната во равенката. 

Нов предлог: Групен имунитет на ковид ама само за млади

Меѓународна група научници ги повикаа светските влади да ги изменат своите стратегии за коронавирус и да дозволат младите и здрави луѓе да се вратат на нормален живот додека истовремено ги заштитуваат најранливите.

За богатите светот ќе се врати на нормала кон крајот на 2021, за другите здравје

На богатите држави им е потребно само да профункционира вакцината против ковид-19, за тие да почнат да се приближуваат на нормалата од пред пандемијата, смета Бил Гејтс.

Елон Маск нема да го вакцинира семејството со вакцина против ковид-19

Без разлика кога и од кого ќе стане достапна вакцина против коронавирус Маск изјави дека не планира да ја искористи „бидејќи ниту тој, ниту неговото семејство немаат ризик од ковид“.