Веста ја објавуваат повеќе германски медиуми и според нив Бионтеч-Фајзер за пакетот од 500 милиони дози барале 27 милијарди евра. По оваа цена вакцината е повеќе од 20 пати поскапа отколку доза од АстраЗенека вакцината.
Во тоа време Бионтеч-Фајзер на ЕУ и тврделе дека сумата веќе вклучува „најголем можен попуст“ што им се нуди на сите индустријализирани држави низ светот.
Еден од аргументите на Бионтеч-Фајзер за вака високата цена е дека тие целосно сами го финансирале создавањето на вакцината, што подоцна беше негирано од германските власти, кои извадија бројки дека Бионтеч добивала милионски субвенции од државата.
ЕУ и фармацевтската компанија постигнуваат договор во ноември 2020, меѓутоа не се објавува за која сума. Неофицијалната бројка што ја споменуваат неколку германски медиуми е околу 15,5 евра по доза.
САД наводно имаат купено 100 милиони дози за вкупна сума од 1,61 милијарда евра, што излегува околу 16 евра по доза.