Според синдикатите ваквите бројки се должат на недовербата кон владата од страна на вработените, според самите вработени, тие би сакале да мине некое време и да видат како ќе одат работите пред да се вакцинираат.
Дел од луѓето што се грижат за повозрасни лица објаснуваат дека не се чувствуваат дека им е потребна вакцина, без да оспоруваат ништо околу вакцината. За други, се уште не се знае доволно за безбедноста на вакцината, главно затоа што толку брзо беше извадена и немало доволно време да биде тестирана.
И вон оваа фела, Франција ја има една од највисоките стапки на скептицизам кон вакцината. Тамошните анкети покажале дека 40% од испитаниците не би се вакцинирале со вакцината против ковид-19.
Од почетокот на пандемијата во Франција од ковид-19 починаа околу 25.000 лица сместени во старечки домови.