Очекувањата дека пандемијата ќе заврши во 2021 се „предвремени“ и „нереалистични“, порачал директорот на СЗО за итни програми, д-р Мајкл Рајан.
Што се однесува на вакцините, тој објаснува дека тие ќе помогнат драматично да се намали бројот на хоспитализираните и починатите од ковид, плус ќе ги охрабри луѓето што се во првите редови во борбата против пандемијата, меѓутоа предупредува дека не смее да се опуштаме и дека ништо не е гарантирано во епидемија што еволуира.
„Ако сме паметни, ќе им ставиме крај на хоспитализациите и смртните случаи и трагедиите поврзани со оваа пандемија.
Ако вакцините почнат да влијаат не само на бројот на починатите и бројот на хоспитализираните, туку имаат значително влијание и на динамиката на пренесување на болеста и ризикот од пренесување, тогаш верувам дека побрзо ќе постигнеме контрола на пандемијата“, порачал Рајан на прес-конференцијата во Женева.