Светот нема да биде доволно вакциниран од ковид до 2027

Како што во едни држави почнува или веќе е во тек масовна вакцинација, така во други почнуваат да се испилуваат уште „покобни видови“ на ковид-19, заради што глобалната математика за вакцинација не излегува така праволиниска како што ја мислеа.

Мутацијата е надополнета се безобѕирното разграбување вакцини од богатите, што остава огромни пространства од глобалниот фронт против ковид-19 без ниту една вакцина.

Кога овие две работи ќе се искомбинираат тогаш имаш цели парчиња од планетава во кои ем никој нема како да го спречи ширењето, ем ширењето и мултиплицирањето на вирусот создава нови и поопасни негови верзии.

До сега околу 70 држави низ светот имаа почнато со вакцинирање и тоа е добро. Лошото е што на глобално ниво потребна е вакцинација од 75% за да се постигне имунитет на ковид-19.

„Со сегашната стапка на вакцинација ова нема да се случи за една или две, туку за шест години,“ изјавил инфектолог од Австралискиот национален универзитет, др. Санџаја Сенанајаке.

16 февруари 2021 - 11:08