Не дека и предлогот на Макрон беше некој мегаломански туку предвидуваше САД и ЕУ да донираат до 5% од своите залихи со вакцини на земјите во развој, вклучително Африка, каде вакцинацијата речиси и не е започната.
Освен хуманиот аспект на предлогот, тука е и превентивниот ПиАр што би го добил Западот за после да нема кукање што Кина и Русија активно работат на пополнување на дефицитот со вакцини во сиромашните држави низ светот.
Во малку подвоена изјава од администрацијата на Бајден порачуваат дека тие во догледно време нема да донираат вакцини, ама затоа пак напорно работат за да ја поддржат Ковакс програмата за глобална дистрибуција на вакцините. Продолжувајќи со ваквата подвоеност, тие нагласуваат дека е „апсолутен императив“ глобално да се стави крај на пандемијата.
Во САД моменталната стапка на вакцинација е 1,6 милиони дози на ден. Бројот треба да порасне на почетокот од март, кога земјата ќе почне да се снабдува со по 20 милиони вакцини неделно, за до јуни оваа бројка да порасне на 30 милиони дози вакцини неделно, кога вакцинирањето би требало да се врши со стапка од 4,5 милиони вакцини на ден.