Фаучи: За прележани, една доза вакцина

Првиот американски епидемилог објави дека здравствените власти ја анализираат опцијата оние кои ја прележале болеста, да добијат само една доза вакцина против ковид-19.

Антони Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергии и заразни болести вели дека податоците од давање само една доза вакцина на оние кои ја преживеале болеста се „доста импресивни“.

„Зајакнувањето на имуно-реакцијата со само една доза вакцина е навистина огромно и ние внимателно ја разгледуваме таа легитимна опција, но ќе почекаме уште податоци“, изјави тој.

Мала студија од Универзитетот во Мериленд покажа дека здравствени работници кои се опоравиле од ковид, генерирале драматично поголеми нивоа на антитела после само една доза од Фајзер или Модерна.

Дв недели по примање на единечната доза, нивните нивоа на антитела биле 500 пати поголеми отколку кај оние кои немале никаков допир со вирусот, објави Вол Стрит Журнал.

22 февруари 2021 - 12:12