Процената се базира на математиката дека за постигнување групен имунитет ќе биде неопходно секоја држава со две дози да вакцинира 75% од населението.
До сега според бројките на Блумберг на светско ниво дадени се вкупно 119 милиони дози вакцина против ковид, а најблиску до границата од 75% е Израел, кој со оваа стапка на вакцинирање би требало да биде готов за некои си 2 месеца.
Општо Западните држави побрзо би стигнале до оваа бројка отколку остатокот од светот, па така за САД процената е дека 75-от процент ќе чукне некаде околу Нова година 2022, меѓутоа на сиромашните по денешна стапка на вакцинирање ќе им требаат 7 години.
До сега во САД се дадени 36,7 милиони дози вакцини, или 11,2 дози на секои 100 луѓе, а минатата недела просекот во земјата е 1,34 милиони дози на ден.
Од Блумберг објаснуваат дека ова се пресметки кои важат на денешен ден и со денешно темпо на снабдување со вакцини и вакцинирање. Сето ова би требало да се забрза како што богатите ќе почнат да ја смируваат паниката околу можниот дефицит, а во исто време ќе се отвораат нови капацитети за производство на вакцини.