Оксфордската вакцина нуди само минимална заштита од јужноафриканскиот сој на вирусот кој веќе е регистриран во 30-тина земји во светот, покажува нова студија која ги чека стручните рецензии.
Студијата била изведена на околу 2.000 лица со просечна возраст од 31 година.
Главниот во тимот кој ја произведе оксфордската вакцина верува дека таа би требало и сега да штити од жестоките форми на болеста но порача дека работат на нејзино модификување, за да биде ефикасна и за новооткриениот сој, што би било можно да се случи на есен.
Со други зборови, сегашната Астра Зенека минимално би го намалил бројот на новозаразени а надежта е дека и во случај на заболување, вакцинираниот со неа би избегнал жестоки форми на болеста.
Претходно и други две вакцини, оние на Јансен и Новавакс, покажаа слаба ефикасност кон новата варијанта на вирусот.
Сомнежи околу Астра Зенека прв пријави францускиот претседател Емануел Макрон кој обелодени дека оксфордската вакцина е „квази -неефикасна“ за постари лица по што повеќето земји (кои ја имаат) престанаа да ја даваат на луѓе постари од 65 години.