Генералниот секретар, Антонио Гутереш ја надополни оваа статистика со бројката според која 130 држави немаат добиено ниту една доза од вакцините.
„Во овој критичен момент, рамноправноста кај вакцините е најголемиот морален тест пред глобалната заедница,“ изјавил Гутереш.
Гутереш повикал на глобална акција предводена од Г20, кои би требало ја испланираат а потоа и координираат имплементацијата и финансирањето на рамноправна дистрибуција на вакцини низ светот.
Во исто време Ковакс програмата на СЗО, која требаше да обезбеди вакцини за најсиромашните во светот, целосно потфрли во остварувањето на својата првична цел вакцинацијата во сиромашните држави да започне во исто време со вакцинацијата во богатите држави.