Линдер тврди дека додека Бајден ветува термин за вакцинирање за секој возрасен до крајот на мај, во Германија вакцините се фрлаат или дремат неискористени.
Ваквото тврдење Дојче веле не може ни да го потврди ни да го негира ни во германското министерство за здравство ни во Институтот Роберт Кох, бидејќи и двете водечки здравствени институции во Германија не водат статистика за фрлени дози на вакцини. Заради ова тие мора поединечно да ги контактираат министрите за здравство на сите 16 германски сојузни држави.
Па од едни (Баден-Виртенберг, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија-Анхалт) добива одговор дека воопшто не водат таква статистка. Од други, добива одговор дека има и дози кои се фрлени. Баварија има бројка дека 0,2% од сите дози на вакцина што ги добиле, морале да бидат фрлени (3.021 доза од вкупно 1.608.150). Берлин имал фрлено 5 дози, а Рајна-Палатинат има документирано дека на 305.500 дози 0,3 проценти морале да бидат фрлени.
Во анкетата на Дојче веле има и трета група на сојузни држави кои пријавиле дека или ја искористиле секоја можна доза, или пак кога им останала некоја доза наместо да биде фрлена таа била употребена за вакцинирање на лица што работат во старечки домови, докторски ординации или болници.
Заклучокот на Дојче веле е дека тврдењето на Линдер дека вакцини се фрлаат или остануваат неискористени не е точно. Објаснувајќи дека тоа што го кажува лидерот на ФДП не е комплетна лага, но сепак работите не се како што Линдер сака да звучат.