Откако беше збунет од УСБ драјв, од немајкаде јапонскиот министер за сајбер-безбедност ја призна најголемата фалинка во своето резиме - никогаш нема користено компјутер.
Само на обновување и крпење на златните тавани, некогаш најскапиот хотел на светот (по градба, не по цена на соба) Емирати палас во Абу Даби, годишно троши 130.000 долари.
Статијата е за едно потенцијално откритие кое стана хит на релевантна научна конференција а се работи за можноста бактерии од дебелото црево да си го наоѓаат патот до мозокот и таму да се населат за озбилно. Ќе ви ја раскажеме ние приказната поштено, ама нема да се отргнете од впечатокот дека вакви патешествија веќе имате видено во многу „успешни“ деловно-политички транзициски приказни во Македонија и Балканот.
Компилација од санкции, вртење кон домашно производство и јуриш во освојување на се попространи земјоделски земјишта, доведе до формирање на нова професија во Русија - каубојци.
Холандски пензионер започна судска постапка во која бара како што луѓе можат легално да сменат презиме или род, тој да може да ги смени годините и тоа едно 20, за да има подобри шанси на Тиндер.
Египтолозите откриваат рампа чиј излгед и постоење помага да се објасни како се местени големите камени блокови, а тоа да не се вонземјани, патување низ времето или која и да е конспирација.
Од мисиите Аполо кои одеа на Месечината, на пораките им требаа од 2,5 до 2,7 секунди да се пренесат преку радио бранови. Онаму каде што ќе кинисаат едни двајца, ќе бидат потребни околу 7 секунди.
Венеција само што не прскала против туристи, Мадрид воведува посебни правила за ограничување на Ербиенби, Тајланд го затвори островот од „Плажата“, кинеските власти почнаа со апели до своите граѓани да не ја резилат земјата како туристи.
Какво време дојде, ни да умреш веќе не си раат. Докторите сега велат дека и мртов уште некое време живееш, ама свесен дека си од другата страна. Што некому може да му зазвучи и познато.
Си стојат препораките човек одвреме- навреме да посети болница или гробишта за да ја апдејтира својата листа на приоритети и нивното учество во трошењето на единствениот капитал кој човекот не може да го врати. Холандски аеродром има едно поинакво решение како да му обрнете внимание на времето
Во САД смислиле начин како да добиеш бесплатно кафе ама тоа после да ти преседне. Ќе сркаш џабе ако им дадеш комплет податоци за себе, за да можат после до бескрај да те дрват спонзори.
Индивидуалниот генетски профил станува дел од потрагата по идентитетот. Откривањето на „големата вистина за себе“ се сведува на супер бизнис. Веќе почнаа да се шиткаат производи врз основа на генетскиот идентитет.
Подобро размислување и остроумност кај децата е директно поврзано со тоа колкав дел од денот / животот го минуваат пред смартфон и слични екрани, се тврди во студија која следи податоци на темава веќе 10 години.
Во Јапонија треба да се плати еден сервис кој овде во Македонија го имаме бесплатно и се вика јавување во утринска емисија. Да најдеш некој кој ќе слуша како кукаш и го оправаш светот.
Ако на Американец мусе расипе трактор среде нива и среде орање, па дури и да знае што е дефектот и како се поправа, нема да смее да го пипне тракторот додека не мудојде овластено лице да му каже што понатаму.
Наспроти тоа што ирскиот е официјален јазик на Републиката и наспроти напорите на власта да го дигнат од мртвите, овој јазик неповратно изумира. Како е можно едни од светски најпознатите фетишисти во врска со својот идентитет денес раштркани по светот да ги обединува друг јазик, англискиот?
Вејрон и Широн на Бугати чинат од 1 до кај 2,5 милиони евра, најновиот модел Диво имаше цена нешто под 5 милиони евра и целото производство беше распродадено за еден ден.
За услугата “изеди колку сакаш“ во еден суши ресторан дечкото платил поштено ама после и поштено јадел. Кога сакал да остави и бакшиш, го замолиле во иднина да го заобиколува ресторанот.
Со целото поместување околу тоа што смееш а што не смееш да кажеш за да не навредиш некого, полека од употреба се укинува терминот „против стареење“, што не значи дека се укинуваат и производите туку само нивната номенклатура.