Ни бебињата не брзаат да се родат во ваков свет

Додека оваа пролет се прогласуваа карантини и се препорачуваше да се седи дома, луѓето од неонаталните одделенија за интензивна нега забележале видлив пад во бројот на предвремно родени бебиња. Во некои случаи падот е драстичен.

Независно едни од други, трендот први го забележале болници во Ирска и Данска. Ги објавиле своите податоци за од колегите ширум светот да дознаат дека се работи за многу поширока појава.

Бројот на предвремено породени бебиња во услови на карантин некаде е преполовен а некаде падот оди и до 90%. 

Научната заедница се надева дека дополнителни истражувања на оваа тема би можела да им помогне на лекарите и научниците да ги расветлат причините за предвременото породување кои досега се непознаница.

Рано е за какви било заклучоци и откривање каузални врски па само се набројуваат можности. Дека карантините донесоа помала загаденост на воздухот, па да не е до тоа. Или пак дека трудна жена која седи дома е под помал стрес од работа, јавен превоз и друго секојдневие а патем има и поголема поддршка и внимание од домашните (што води кон богохулниот заклучок дека на жена најдобро ѝ е дома).

Отприлика едно во десет бебиња во САД се раѓа предвремено. Бременоста трае околу 40 недели а секоја испорака пред 37-та недела се смета за предвремена. Бељите за ваквите бебиња и нивните семејства (финансиска, емотивна и долгорочна здравствена) знае да биде голема. Особено кај оние кои се раѓаат порано од 32-та недела кои се соочуваат со висок ризик од трајни оштетувања на видот и слухот, церебрална парализа и смрт.

Затоа, темелно нурнување во бројките од актуелните трендови во овие специфични околности, можеби би дало некое светло зошто се случуваат предвремени породувања и како тие да се избегнат.

20 јули 2020 - 12:00