Тито и неговата Јованка (Аманда) од Флорида биле уапсена затоа што на стотици луѓе успеале да им продадат златни билети за Рајот.
Билетите ги продавале на улица, по 99 долари еден, убедувајќи ги муштериите дека се направени од чисто злато и дека обезбедуваат директна резервација: билетот само треба да се покаже на рајските порти.
Во изјавата за полицијата Тито изјавил дека не го признава мислењето на полицијата:
„Ме ме интересира што полицијата мисли. Билетите се чисто злато, ми ги даде Исус позади КФЦ и ми кажа да ги продадам за да имам пари да одам во вселената. Сретнав и еден вонземјанин, Стивен, кој ми кажа дека ако собереме доволно пари, со неговата летечка чинија ќе нè однесе на неговата планета која е направена од дроги. Треба да го уапсите Исус пошто тој ми ги продаде картите. Јас сум спремен да носам озвучување и да го наместиме.“
A во својата изјава, Аманда ќе каже:
Ние само сакавме да ја напуштиме оваа планета и да одиме на друго место за да се учиниме со дроги. Јас па ништо не направив. Тито ги продаваше картите, јас само гледав“.
Во претресот на нивното љубовно гнездо полицијата запленила 10.000 долари, гаџети за дрога и бебе алигатор.