Како на Архимед во кадата и Њутн со јаболкото, на популарниот астрофизичар Нил деГрас Тајсон, епифанија му се случила со помош на комичарот Чаk Најс, гостин во епизода од неговиот подкаст StarTalk.
Тајсон прво го објаснил аргументот на симулација - идеја дека е можно ние да сме виртуелни суштества кои живеат во компјутерска симулација. Ако е така, поверојатно е дека симулацијата прави перцепција на реалност „on demand“ отколку да симулира реалност цело време, нешто слично на видео игрите кои се оптимизирани да произведат само дел од сцената, онаа која играчот ја гледа.
„Можеби затоа не можеме да патуваме побрзо од светлина, затоа што ако можеме, ќе отидеме во друга галаксија?“
„Да, пред да успеат да ја програмираат!“, му светнува на научникот. „Затоа програмерите ставиле таков лимит!“
Идејата дека ова не е така како што изгледа е стара, прастара, уште од Платоновата алегорија за пештерата или сонот на пеперутката на Жуангзи (кинески филозоф, 4 век п.н.е.). Педантно ја разработува шведскиот филозоф од Харвард, Ник Бостром, во студија од 2003 година (Живееме ли во компјутерска симулација?), ја популаризираше филмот Матрикс а последен ја живна Елон Маск кога во 2016 година кажа:
„Шансите дека живееме во базична реалност се една во милијарди.“
Кога сите премиси од оваа загатка ќе се минат низ - за ваков тип проблеми - баесијанско резонирање (види овде) , шансите не се како кај Маск но се доволно вознемирувачки: 50:50 дека живееме во симулација или дека ова што го гледаме во себе и околу нас е базична реалност.
Шансите драстично би се смениле доколку луѓето развијат способност да создадат симулација за други свесни битија. Би се смениле во полза на опцијата дека и ние сме симулација, вели Дејвид Кипинг од Универзитетот во Колумбија.
Што се однесува до „гличевите во Матриксот“ како што го доживуваме феноменот на дежа ву, нив би можеле да ги забележиме само ако претпоставиме дека нашите творци имаат ограничена компјутерска моќ. Во спротивно, нема шанси да забележиме било што „спорно“.
За смирување на мозокот од оваа теорија од кои фаќа уплав, благопријатна е поуката од на Окамовиот принцип кој вели дека во недостаток на докази за кое било можно решение, она наједноставното најверојатно е во право.
Така што, од една страна имате дека ова е тоа и нема никаква мистерија, од друга дека можеби сме во симулација која е симулација на друга симулација која пак е симулација на трета симулација....
Но, оваа реалност како да сака постојано да ни го храни чувството дека овој наш наш живот не е ништо друго освен факинг семинарска на некој труп по програмирање.