Пандемија на измами во светот на шахот

Пандемијата доведе до огромен скок на популарноста на шахот, особено на онлајн играњето на оваа древна игра. Но, истовремено тоа доведе и до поплава на измамници кои до вчера биле трупови а денес играат како велемајстори.

Денес масовно се користат моќни апликации кои ги калкулираат речиси идеалните потези во секоја ситуација и тоа создаде атмосфера на параноја во светот на шахот,. известува Гардијан.

„Во пандемијата имам повеќе работа во еден ден отколку што сим имал работа за цела година пред неа,“ вели Кенет Реган, интернационален велемајстор и професор по компјутерски науки кој ги има создадено анти-измамничките правила кои ги користи ФИДЕ како и програма за фаќање на превaрантите. „Ми го уништија одморот,“ вели Реган.

Во некои официјални мечеви, шахистите мора да се согласат да бидат снимани од камери од различни агли и да дозволат далечински пристап до нивниот компјутер.

Но, проблемот е помасовен на пониските нивоа. На еден јунииорски турнир во кој учествувале 2.000 онлајн играчи, најмалку 100 мамеле а огромен е и бројот на деца кои до неодамна не покажувале особени вештини а денес играат на ниво на велемајстори.

„Тоа се главно деца од приватни шкои и кога ќе им се јавам на нивните родители, веднаш стануваат гневни и се лутат, бидејќи се под огромен притисок да се постигне успех,“ вели една од организаторките на турнирот.

Неодамна, на еден физички турнир во Латвија бил забележан озлогласениот измамник Игор Раусис, некогашен велемајстор со доживотна забрана за учество на ФИДЕ турнири, кој користел друго име и се надевал дека заштитната маска ќе го покрие неговиот идентитет.

Заради сомнежи во регуларноста на неговата неодамнешна фасцинантна победа над Фабиано Каруана кој моментално број два играч на светот, доживотна забрана за играње доби и познатиот ерменски велемајстор, Тигран Петросјан, кој некогаш беше на самиот врв на светскиот шах а денес е на 260-то место на светската ранг листа. Петросјан тврдеше дека неговата одлична игра се должела на тоа што потпивнувал џин додека играл, но официјалните лица на ФИДЕ тајната сепак ја лоцираа во неговите пречести излегувања од мониторот.   

24 октомври 2020 - 11:47