Уште во 2007-ма година, екипа научници од Русија, Унгарија и САД откриле семе на Silene stenophylla во прастари живеалишта на верверички, заробени во вечниот мраз на Сибир. Глодарите тоа би го изеле но веројатно некоја поплава ги има задесено па зимницата останала смрзната сето ова време.
Со методот наречен радиокарбонско датирање, утврдено е дека се работи за семиња стари меѓу 20.000 и 40.000 години.
Од плацентата на древниот семенски материјал успеале да оживеат големо и здраво растение кое на почетокот по ништо не се разликува од денешните верзии на стенофилија сè додека не процути, кога се гледа дека има поголеми и побогати цветови. Научниците претпоставуваат дека високото ниво на шеќер во плацентата послужило како заштита на семето од погубните надворешни влијанија како што е гама радијацијата од природната земјина радиоактивност која го уништува ДНК-та на растенијата.
Досега најстарото семе кое било оживеано било семе од палма старо 2.000 години.