Жената која прва ја виде круната

Коронавирусот го има добиено името по специфичната круна/ореол кој го има вирусот кој инаку е сличен на оној на грип. Кога Џун Алмеида во научен магазин го пријавила она што го открила, била одбиена со образложение дека тоа е обичен вирус на инфлуенца, само лошо снимен. 

Жената која го има откриено првиот човечки коронавирус е ќерка на шкотски возач на автобуси која напушта школо на 16 години.

Ковид-19 е нова болест но е предизвикана од вирус чија прва верзија е идентификувана од Џун Алмеида уште во 1964 година (науката досега немаше време да го проучи па ни се изненади). Родена е во околината на Глазгов во 1930 година. Не го завршува средното училиште туку се вработува како лаборантски техничар за хистопатологија. Подоцна се сели во Лондон каде го довршува своето образование и на академско ниво а потоа со семејството се селат во Канада и таму таа развива извонредни вештини на електронски микроскоп и станува пионер во правањето фотографии на инструментот, развивајќи посебна техника за подобро визуелизирање на вирусите со помош на антитела. 

Во 1964 година, од јужна Англија за истражување добива примерок (во литературата заведен како B814) од нешто кое можело да се пренесе меѓу луѓе но не и рутински да биде развивано во лабораторија. Она што го видела и документирала денес е познато како првиот човечки коронавирус.

Меѓутоа, кога студијата со нејзиниот пронајдок и потребната документација ја пријавила во медицински журнал за рецензирани дела, глатко била одбиена со образложение дека  се потпира на слики кои се „лошо развиени фотографии од вирус на инфлуенца“.

Алмеида едно време ја напушта науката и се посветува на јога за во 80-тите да ѝ се врати на вирологијата и да помогне во идентификување на ХИВ вирусот.

Умира во 2007-ма година, на 77 годишна возраст. 13 години подоцна, комплетно ѝ е признат трудот околу откривањето на она што денес се шири низ светот. 

 

 

19 април 2020 - 10:27