Занимливости

Бившата на Безос веќе „списка“ пола од милијардите што ги доби во разводот

По разводот со Џеф, Мекензи Безос заврши со некои си 37 милијарди долари (дури и откако се откажа од купишта пари). Сега стигна некаде на половина од овие пари откако другите ги даде во добротворни цели.

Америка се сака со американски броеви, не со арапски

Речиси секој втор анкетиран Американец изјавил дека смета дека арапските броеви не треба да бидат дел од наставната програма што се предава во американските училишта.

Германски лопови би да си ги заработат парите што ги краделе

Во најгерманската можна кражба, група крадци решиле дека најдобар начин до лесни пари и брзо богатење е да оберат цела нива со јагоди.

ИКЕА: Дај му на човекот

Иако речиси сите се тркаат како своите производи да ги направат полесни за користење или тие да бидат инстантно употребливи, постои една контра цака која е уште појака во продажна смисла. ИКЕА тоа најдобро го знае.  

Ода на староста

Последен збор во науката е дека младоста не мора да биде клучен фактор во нечиј успех, било да е деловен, било да е спортски. Постои нешто што тешко се мери но игра и тоа каква улога. Се вика мудрост.

Дали функционира рециклирање?

Станува збор за крајно комплициран концепт во кој ако направиш сè како што треба со отпадот рециклирањето врши работа, само ретко кој прави „сè“ и „како што треба“, па на крај најголемиот дел пак завршува во депонија.

Голтајте хелиум додека го има

Најчестата метафора за ефектот на пеперутката од теоријата на хаосот е дека некогаш е доволно пеперутка да пафне со крилцата во еден дел на светот а тоа да предизвика тајфун во друг дел од светот. Во реалноста тоа звучи вака: ќе има Катар пиздарија со комшиите а на роденденска журка во Скопје таткото нема да може да голта хелиум од балон за да им прави смешки на децата со својот тенок глас.

Баби првоодделенки

За да не дремат празни клупите во училниците, јужнокорејско училиште решава столчињата да ги пополни со баби желни да научат читање и пишување.

Ротшилд чистат шпајз

Кралски наследства, од мебел до уметнички дела, што некогаш им припаѓале на европските монархии, а кои којзнае колку децении дремеле во сефовите на семејството Ротшилд во јули ќе бидат дадени на аукција.

Ако на Инстаграм старлети не верувате, на кого ќе верувате?

Во време кога Инстаграм „инфлуенсери“ фотошопираат сè од своите одмори и општо животот, до своето тело, една 19-годишна моделка повика професионална помош за да ја докаже автентичноста на својот заштитен знак - задникот.

Треба враќање на менувачот, а не бркање автономни коли

Технологијата што требаше да нè спаси од дистракции како менување брзини или гледање ретровизор, на крај заврши со создавање далеку помалку внимателни возачи, кои сега само имаат повеќе време да го користат смартфонот додека се зад волан.

Зрели за трчање

Луѓето на возраст од 40 до 49 години конзистентно трчаат побрзо на маратоните отколку нивните помлади конкуренти, покажуваат новите студии на луѓето што ревносно мерат колку другите истрчале - Страва.

Погребите и крематориумите се аут; ќе нè прават компост

Беше прашање на време кога глобалниот тренд за барање „одржливи решенија“ ќе ја начне и оваа тема. Вашингтон е на чекор да стане првата американска сојузна држава која ќе дозволи умрените луѓе да се претвораат во компост.

Не спиеме доволно и тоа нè убива

Маж кој спие само 5 часа има видливо помaли тестиси од оној кој спие повеќе од седум часа. И, тоа е само еден од проблемите кој некако и може да се скрие.

Фејсбук плаќа 20 милиони долари годишно за лично обезбедување на Закерберг

Она што Фејсбук радо го кажува е дека Закерберг добива годишна плата од 1 долар. Она што Фејсбук го кажува затоа што со закон е обврзан да го направи тоа е дека плаќа 20 милиони долари за личното обезбедување на Закерберг.

Assassin's Creed како основа за обнова на Нотр Дам

Драгоцениот објект изгоре, Макрон најави дека ќе го обноват за 5 години а преку ноќ од богатуни се најавија донации од преку 600 милиони евра (што покажува колку брзо можат безобразно богатите да решаваат светски проблеми, ако сакаат). За верна реконструкција на Нотрд Дам сега се појавува неочекувана помош: популарната игра Assassin's Creed. 

Планетава е разочарана од тебе затоа што не мочаш под туш

Секој пат кога туширањето себично ќе го искористиш само за туширање пропушташ можност да и помогнеш на планетата Земја и да и заштедиш вода. За тие што не пропуштаат, планетата се гордее со вас.

Црвенкапа укината заради ширење сексизам

Државно училиште во Барселона прави чистка во својата библиотека на книги кои „континуирано повторуваат токсични родови стереотипи“. На пример книги како Црвенкапа.

Непал ќе го премерува Еверест да не нешто е смален

Земјотресот од април 2015 што го разниша Непал заврши со над 2.000 загинати, неброена штета, но и разместена геологија во регионот, опфаќајќи ги и Хималаите.

Јапонскиот бизнис со цветањето на црешите

Годинава се проценува дека во Јапонија, што туристи, што локалци, околу 63 милиони луѓе биле или ќе одат да го гледаат цветањето на црешите, број на луѓе и настан што ќе донесе околу 2,7 милијарди долари.

Не се само македонските внатрешни органи наопаку

Група студенти по медицина конечно добиваат кадавер за да можат во реалност да ја запознаат човечката анатомија која ја учеле само од учебник. Само што, она што го добиваат, го нема во учебник.

Зошто највисокиот облакодер во Европа ќе се гради на село?

Наместо прописно да ја натискаат во Копенхаген (сигурно имаат некој паркинг во центарот) кулата што ќе биде висока 320 метри, за 10 метри повисока од сегашниот европски облакодер рекордер во Лондон, ќе биде изградена отпат сред данска пустелија.

ИКЕА почна да изнајмува мебел

Нешто како мобилен на договор, со тоа што по истекот на одредено време постојниот мебел што неколку години си го јавал по дома, го заменуваш за друг.

Песната од Скрилекс која ги ремети комарците

Со оглед на минатогодишното искуство со (не)прскањето против комарци во Скопје, време е да се наоружуваме со корисни информации. Кога се научни, уште подобро.