Екипата на Вајс го претставува под псевдонимот ЕванКонект. Продава електронски рипитери во САД, Европа, Австралија и во неколку држави во Јужна Америка.
„Лично немам украдено ни една кола. Зошто да си ги валкам рацете со кражби кога можам само да го продавам алатот на други луѓе?“ објаснува тој.
Снимиле и видео за да покажат како ефикасно функционира апаратот. Снимката не е вистинска кражба туку само демонстрација на Џип на негов пријател.
Хакерот Семи Камкар го објаснува видеото: акцијата започнува кога сопственикот на автомобилот ја заклучува колата и заминува. Доаѓа човек од екипата која ќе краде и држи апарат кој слуша одредена ниска фреквенција која колата ја праќа за да провери дали клучот е во близина а потоа уредот тоа го реемитува на многу повисока фреквенција, на пример 2,4 гигахерци или слично што патува на многу поголеми растојанија. Вториот уред, во рака на друг човек од екипата ја презема таа висока фреквенција и ја репродуцира на оригиналната ниска фреквенција.
Не сите кражби на коли со електронски уреди ја користат истата технологија со рипитери. Некои техники се базираат на задушување на сигналот од клучот до колата па сопственикот верува дека таа е заклучена за да можат тие да влезат и да поработат во неа.
Конкретниот уред кој се користи во видеото ги отвора сите коли кои не користат клуч освен оние на фреквенција од 22-40 килохерци, меѓу кои се колите на Ауди, Порше, Бентли и Ролс Ројс произведени по 2014 година. Но, за нив Еван продава друг модел кој ги слуша и фреквенциите меѓу 125 и 134 килохерци со што практично се покриваат сите модели кои денес постојат на пазарот.
Стандардниот модел го продава за 9.000 долари а апгрејдираниот за 12.000 долари.