Знамињата за палење главно се американски, израелски, а знае да има и британски. Кога има повеќе побарувачка фабриката произведува околу 2.000 американски и израелски знамиња месечно, и речиси 140.000 метри квадратни во знамиња годишно.
Последниот пик во побарувачката беше предизвикан од убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани со дрон во Багдад.
Протестите против САД, Британија и Израел се редовна појава во Иран дури и кога нема вакви инциденти (тоа што изненадува е што во последно време на улиците на Техеран почнаа да се случуваат протести против иранските власти).
Сопственикот на Диба Парчам фабриката за знамиња објаснува дека тие немаат проблем со американскиот и британскиот народ, туку „имаат проблем со нивните владетели, со нивните претседатели кои имаат погрешни политики.“
„Народот на Америка и Израел знае дека немаме проблем со нив. Ако луѓето ги палат знамињата на овие држави на различни собири тоа е за да го покажат својот протест,“ изјавил сопственикот.
Освен овие за горење, кои се печатат на бели чаршави, во фабриката се шијат ирански и останати знамиња за секаква употреба.