Не е важно да сте среќни, важно е кај сте кинисале

За една психо-терапија која не се бави со емоциите и емотивните болки и страдања кои ги предизвикуваат психичките пореметувања. По неа, тоа што ве боли - ќе ве боли и натаму, важно е тоа да не ги урниса столбовите на кои почива вашиот живот.

Идејата дека емотивната болка и страдањето е отстапување од дифолтно среќната нормала почива на претпоставка за „здрава нормалност.“ Но тоа можеби е погрешна претпоставка. Еден од двајца луѓе во некој момент од својот живот се соочува со некое психичко пореметување кое може да се класифицира како ментално- здравствен проблем.

Бидејќи таа психолошка болка е неизбежна, треба помалку да се фокусираме на нешто што би нè направило среќни а повеќе на тоа да постигнеме нешто што ќе ни даде чувство на смисла, без разлика како се чувствуваме. Психотерапијата треба да им помага на луѓето да научат да функционираат ефикасно а не да биде насочена кон редуцирање на симптомите како што се лошите и тешки мисли и емоции.

АКТ (Acceptance and commitment therapy) го прифаќа овој пристап и преку низа бихејвиористички стратегии се обидува да промовира пофлексибилни однесувања насочени кон некои вредности. Целите на АКТ не се првенствено да се намалат или отстранат нечии проблематични мисли кои им ја тиштат душата туку да форсира смислени и насочени однесувања, без оглед на расположението, мотивациите и размислувањето. Со други зборови, првенствена цел е да се промовира она што терапевтите го нарекуваат „живеење со вредност“.

Од таа перспектива, симптомите на психолошките пореметувања се проблематични бидејќи се поврзани со ригидни однесувања кои нè оддалечуваат од живеење со вредности. Бидејќи немаме контрола врз болката и мислите, она што може да го контролираме е менаџирањето на нашите реакции на сето тоа. Најчестите реакции на злите мисли - избегнување, злоупотреба на супстанци, повлекување и агресија - можат привремено да го намалат стресот но на долги патеки неповратно ги оштетува нашите врски, работата, слободата и личниот развој а токму тоа се областите кои ни носат чувство на смисленост и цел.

Напуштањето на агендата која би ни го намалила страдањето и рекалибрирање кон агенда насочена кон вредности, би нè носело кон тоа да правиме избори базирани на тоа што сакаме да бидеме а не како сакаме да се чувствуваме, гласи резонот на АКТ.

13 февруари 2020 - 14:20