Повеќето луѓе се будат неколкупати во текот на една ноќ, обично кога менуваат позиција на телото. Ваквите будења често коинцидираат со промени во фазите на спиењето и се толку кратки што сабајлето не се ни сеќаваме на нив.
„Просечен возрасен човек се буди од 7 до 15 пати секоја вечер и тоа е нормално. Но, она будење кое се случува околу три часот е она кое нè вади од длабокиот сон и некогаш е тешко да продолжиме со спиење,“ вели директорката на една бихевиористичка програма на универзитетот во Пенсилванија.
Причините за будење во три ноќе нè враќаат во прединдустриското време, кога луѓето во Европа и Северна Америка го делеле спиењето на два дела; прво и второ спиење. Откако човештвото добива вештачко осветлување, луѓето можат да работат до подоцна и да го одложуваат одењето в кревет. На тој начин почнува да се менува и дневниот биоритам и перцепцијата за времето.
Во новата капиталистичка ера, сонот е нешто кое е потребно за да се избутка еде цел работен ден и тоа во едно парче а не во две како некогаш.
Се будиме во три бидејќи тоа време транзитираме од длабок во поплиток сон. Ако сме легнале во 11, до три веќе сме го истерале длабокиот сон и влегуваме во РЕМ (Rapid eye movement) фаза кога мозокот е поактивен пa полесно се будиме.
Вејн Двејер е еден од оние познати селф-хелп гуруа чија прва книга се продала во 100 милиони копии. Тој смета дека будењето во три ноќе е драгоценост која не смеее да се пропушти, туку треба човек да тане, да ја почувствува свежината и да ги ослушне внатрешните мисли.