Можете ли да го убиете коронавирусот со UV зраци?

Накратко - не можете. Поточно, можете, ама топтан со вирусот да отидете и вие. Ама дека автобуси од јавен превоз можат да се дезинфикуваат на тој начин - можат.

„Буквално би ги пржеле луѓето“, со смеење одговара човек кој работи во компанија што продава опрема за ултравиолетова дезинфекција на болници, фармацевтски  и прехрамбени компании, сведочејќи дека во последно време добиваат секакви барања.

„Некои мислат дека е доволно да стават UV лампа над влезната врата на продавницата и луѓето да влегуваат внатре ослободени од вируси,“ вели Ден Арнолд од УВ Лајт Електрик.

Бо последно време по интернет и мрежите кружат секакви иљачи и чариња за новиот коронавирус (комбото од лимон и сода бикарбона е евергрин за сè - од рак до курје око), а ова со ултравиолетовите зраци е една од омилените теории.

Значи, дали ова е добар начин за заштита од ковид-19? И дали е вистина дека пошто „вирусот мрази сонце“ изложување на сончева светлина би го елиминирало од облеката и кожата?

Не. Еве зошто:

Сончевата светлина содржи три типа УВ зраци. Прво, тука е УВ-А, најприсутната ултравиолетова радијација која стигнува до Земјата. Таа знае де продре длабоко во кожата и е одговорна за 80% од нејзиното стареење и брчкање. Потоа тука се УВ-Б зраците кои прават оштетувања на ДНК на кожата, одговорни се за изгореници и евентуално рак. Двата типа се добро проучени е ефикасно се спречуваат со квалитетни мазалици.

Постои и трет тип УВ-Ц. Ова е релативно опскурен дел од спектарот и се состои од пократки но поенергетски бранови должини на светлината. особено се ефикасни во уништување на генетскиот материјал, без разлика дали е човек, дали е РНК вирус. За среќа, повеќето од нас се немаат изложено на УВЦ бидејќи биваат филтрирани од озонот пред да стигнат до нашата нежна кожа.

Уште во 1878 година се открива дека УВ-Ц може да убива микроорганизми и откако се научи како тој дел од спектарот вештачки да се создава, тоа се користи како клучен метод за стерилизација - во болници, авиони, канцеларии, фабрики... Истиот метод е многу важен и за санитизирање на водата за пиење, бидејќи некои честички се отпорни на хемиските материјали како што е хлорот.

Иако нема специфични студии за дејството на УВ-Ц врз коронавирусот, постојат студии дека може да се користи против други коронавируси како што е САРС-от. Радијацијата го ремети нивниот генетски материјал и не можат да прават копии од себе.

Оттука, УВ-Ц сега е една битна алка во борбата со ковид-19. Во Кина, цели автобуси ноќе се „бањаат“ во нивната сина светлина, роботи чистат болнички подови а банки стерилизираат пари.

Но, постои и друга страа на приказната.

„УВ-Ц е навистина гадна работа и нема играње со тоа,“ вели Арнолд. „Ако за да се изгорите од УВ-Б ви требаат неколку часа, за ова ви се доволни неколку секунди. Го знаете чувството кога несакајќи ќе погледнете во сонце? Ова е 10 пати појако и ќе ви ги спржи очите.“

Што се однесува до природните сончеви зраци и изложеност на нив - нема доволно студии. Било пробувано на САРС и изложеност на тој вирус на по 15 минути на сонце: вирусот преживувал.

 

2 април 2020 - 14:17