Кога ковид-19 почна да се шири на почетокот на 2020 година, едни од најморничавите хорор приказни за болештината доаѓаа од луѓето заробени во крузерите. Следствено на тоа, компаниите кои се занимаваат со овој бизнис беа едни од најпогодените од кризата.
Но, идејата дека можеш да се најдаш во стапица со заразени лица, на некои луѓе очигледно не им е доволно страшна за да им ја поништи желбата да им дупе види пут.
Карнивал курз е најголемата таква компанија, има 26 пловни тешкаши и деновие соопшти дека резервациите за август (овој август) за само неколку дена пораснале за 600%. Но, не е тоа најшокантната споредба: велат дека за август 2.000 имаат 200% повеќе букирања отколку за август 2019, кога се немаше никаков страв ниту абер од пандемија.
Кој ја прави гужвата? Главно млади и здрави луѓе кои не се плашат да патуваат во вакви времиња а веројатно се надеваат и дека ќе поминат крстарење без крузерот да биде преполн со маторци. А и цените годинава се примамливи и може да резервира за само 29 долари од ден.