Храна

Првата "бутка" за храна што доби Мишелин ѕвезда

Новиот Мишелин водич Сингапур им даде ѕвезда на двајца улични продавачи на храна, што се случува за прв пат во историјата на водичот. Објаснувањето на судиите од Мишелин до еден од  сопствениците: ние оценуваме храна, а не објект.

Вегани, не така зелени како они што мислат

Истражување во кое што никој не победува покажува дека јадењето помалку животински производи ќе го зголеми бројот на луѓе што може да бидат издржани од постојното земјоделско земјиште, ама во исто време дека и комплетното искоренување на животински производи од исхраната не е најдоброто решение.

Жената што ја одвикна Данска од фрлање храна

Се вика Селина Јул, мотото ù е "храната е љубов, кога ја фрламе, фрламе љубов" и е одговорна што Данците во последните неколку години го намалија фрлањето храна за над 25%.

Месо од епрувета, има да го јадете и има да ви се свиѓа

Има претерано многу аргументи против индустријата за месо, одгледувањето животни за храна предизвикува климатски промени, ја загадува околината, создава болести и бактерии кои се сè поотпорни на антибиотици, фекалии, а колењето животни во одредени случаи би можело да се квалификува како тортура. Едниот аргумент што многу оди во негова корист е што месото е вкусно.

Да зборуваме за путерот

Пред да почнеме да зборуваме за путерот, да зборуваме за маргаринот - под итно фрлете го. Сега кога сме останати на путер, време е да се помириме со него.

Кога народ знае што сака

Околу 84% од Американците инсистираат храната да има задолжителни етикети дека содржи ГМО, бројка која плус-минус некој процент ја потврдуваат и останатите анкети. Кога сме кај бројноста, во истите анкети 80% од Американците бараат и етикети дека храната содржи - ДНК.

Како да не се здебелите за викенд

Дивеењето за време на викенд може да збрише цела недела вежбање. Еве неколку финти, со помош на кои ќе можете да забавувате како рок ѕвезда, а да се чувствувате здраво во понеделник.

Карбонарагејт, паста скандалот за кој Европа најде време

Додека цела планета врие и не знаеш кој пожар попрво да го гасиш, Французите и Италијанците во крајно аристократски манир одлучија да се спукаат околу рецепт за шпагети, конкретно карбонара.

Зошто Хималајската сол е фрлање пари

Околу производот има една одлично скокцкана приказна која беспоштедно ја помага неговата продажбата и прави луѓе добро да се чувствуваат околу тоа што плаќаат неколку пати повисока цена.

Кравата глупа ли е што не дава 0,5?

Многу луѓе се убедија дека ако не пијат полномасно млеко туку некое од оние со помала масленост, со тоа си прават добрина за своето здравје, килажа или ризик од дијабетес. Е па, кажете драгичка.

Добaр помфрит е САМО двојно пржен помфрит

Не е тоа само истури ги компирчињата во врел и дебел слој зејтин и остај ги да чрчорат малку. Има тука и малку наука.

Бебиситери за квасец

Кај нас ќе се искршиш да најдеш сервис за банални потреби (на пример, да не се потопиш кога ќе ти пукне водоводна цевка). Во Стокхолм љубовта знае да биде толку шарена и развиена што подразбира дека има некој да ти ја чува мајата за месени специјалитети додека си на одмор.

Каде пиперките го чуваат лутото?

Кој барем еднаш се олутил, знае дека семките и оние жилички се најголемиот предизвик. Но, ниту сите пиперки се исто лути ниту пак сите на ист начин ја складираат својата лутина.

Зошто Рене Реџепи не доби трета Мишелин ѕвезда?

Бинг Крозби за Френк Синатра има кажано: "Пејач како Синатра се појавува еднаш во животот. Ама мораше ли да се појави баш во мојот?" Нешто слично за Рене Реџепи би можел да мисли данскиот шеф Расмус Кофоед.

Младите се премногу мрзливи да јадат житарки

Дел од популарноста на чинија полна со житарки со млеко или јогурт се должеше на фактот дека тоа е еден од наједноставните решенија за појадок. Но, за денешните млади и тоа е некако напорно.

За пармезанот се работи

Агенцијата надлежна за храна врши анализа на пакуваниот рендан пармезан на пазарот во САД, и открива дека дел од брендовите кои ветуваат 100-процентна чистота, не содржат воопшто пармезан во себе, и открива дека ова не е ни приближно најстрашната работа.

Зошто овдешниот патлиџан е повкусен од американскиот?

На ниво на наука или поднебје нема никаква причина Американците да не јадат патлиџани како оние во Шишево. Па сепак не јадат такви и постојат цели генерации Американци кои никогаш во животот не пробале вистински домат. Два збора: култура и регулатива.

Дали сланината е штетна и слични прашања

Прашања од типот дали треба да се консумира помалку сол, дали маснотиите се штетни, што е проблемот околу храната со глутен. Одговори од консултант кардиолог и човек што пишува за наука.

Гладните деца никогаш нема да се најадат

Колку денес јадеме кога не сме гладни зависи и од тоа колку пари имала нашата фамилија кога сме биле деца. Тие што како деца осетиле немаштија, и кога ќе пораснат не веруваат дека трпезата пред нив долго ќе трае.

Како готвеше човекот кој се самоуби?

Ако за починати музичари пуштаме нивни песни, дали е невкусно ако за готвачи си спомнеме некои нивни рецепти? Во чест на Беноа Волтиер, 44 годишниот перфекционист кој се самоуби само неколку месеци откако беше прогласен за најдобриот готвач на светот.

28 начини да јадеш пица секој ден

Пица и онака може секој ден да се јаде, ако не ви е гајле за килажата. Во продолжение се помали - грижа на совест фри - верзии на истиот вкус за кој офкааат сите оние на кои им е гајле. Она дека се 'грижа на совест фри' замете го со крајна резерва.  

Италија во битка за вашето право на оригинал маслиново масло

Во борбата за одбрана на образот и честа на италијанското маслиново масло, растурена е една од најголемите криминални организации исклучиво фокусирани на фалсификување италијанско маслиново масло, сред Италија.

Митот за лесно и брзо готвење

Амазон има над 8.000 наслови во делот за рецепти за брзо и лесно готвење, Џејми Оливер во 2011-та издаде книга со 30-минути рецепти, па за некоја година тајмингот го намали на 15, и сето ова се базира илјадници рецепти кои претпоставуваат дека секој дома има направено и чува замрзнат пилешки бујон, или дека има резерва од калабријански зејтин со чили.

Колку време требаше за ГМО лососот да стане легален?

Од лепењето на првата таксена маркица на барањето за дозвола од американското ФДА, до давањето на завчерашното одобрување поминати се над 20 години.