Зошто сокот од портокал е исфрлен од американскиот појадок

Иако со децении еден од столбовите на утринската исхрана, сокот од портокал се повеќе губи на популарност откако почнаа малку подетално да го анализираат. Моменталниот статус меѓу нутриционистите и пакуваниот портокал во течна состојба е - "ништо не си подобар од газиран сок".

Ваквата накоменост на џусот е затоа што се покажа дека при неговото производство, тој ги губи сите влакна и протеини што ги има портокалот во природна агрегатна состојба. Па така преработен, чаша сок од 350 милилитри содржи 153 калории, 34 грама јагленихидрати, 27 грама шеќер и 2,4 грама протеин. Ова е иста количина шеќер (иако од овошје, а не преработен) колку и пакетче М&М.

Според податоци од Нилсен продажбата на сок од портокал во изминатите неколку години (благодарејќи на црната кампања од нутриционицит и блогери за здравје) е падната за 13%.

Најголем пад има продажбата на замрзнат сок од портокал кој од 2012 губи 39% од продажбата, додека регуларниот пакуван сок е паднат за 10% и сега годишната продажба изнесува 3,1 милијарди долари. Падот е подрастичен ако се земе предвид дека во истиот период, од 2012, има сериозен раст на појадокот како редовен оброк во текот на денот.

 

14 октомври 2016 - 16:02