Храна

Зошто сè е штетно за вас

За вовед авторот на текстот го опишува оброкот на кој е израснат: бел леб, намачкан со дебел слој путер, купче чајна, парче американско сирење. За пиење млеко или Кока-кола, и купче Принглс чипс.

Борба за правото на чинија

На Твитер веќе пола година се води кампањата Сакаме чинии, во која главно е барање кое на прв поглед мислиш дека подразбира - дека луѓето во ресторан сакаат да бидат послужени и да јадат од чинии.

Да не им се мешаме во брокулите

Прехрамбената индустрија толку долго и прецизно го таргетира или едниот или другиот пол што храната наменета за обата пола веќе ги збунува луѓето. 

Рене Реџепи ја затвора Нома

Највлијателниот готвач на светот застанал среде едно напуштено стовариште во близина на аутсајдерското дувло во Копенхаген и на новинарот на Њујорк Тајмс му рекол: Овде ми се работи.

Како откажувањето од шеќер ми го промени мозокот

Експериментот го прави маж кој претходно ослабел 36 килограми, а тежината успева да ја одржи со броење на калории, 2.000 на ден, од што и да е - мрсно, благо, здраво. И сето ова вака го тера додека не седне да разговара со една пријателка, инаку докторка.

10-те правила на Бордејн за печење месо на скара

Бордејн упатството го започнува оптимистички "секое шимпанзо може да испече стек или плескавица," дополнувајќи "се што треба за да се трансформираш од дворски Чарли Менсон, во скара мајстор од светска класа, е малку техника и еден - два трика."

Дневното мени на топ модел

Меган Вилијамс е 177 сантиметри висока Британка која службено е заштитно лице за брендот Guess, а во слободно време е на насловни страни на најразлични модни магазини. По нејзини зборови ова е нејзината во текот на еден ден.

Купувањето органски зеленчук во супермаркет е фрлање пари

На американски пазар, по бројки од неколку организации, органската храна е 47% поскапа од регуларна храна. Тоа не значи и дека поскапата храна е и за толку поквалитетна, ниту пак дека нејзиното производство е толку поскапо.

Германија забранува ГМО

Следејќи го примерот на Шкотска, Германија е на пат да воведе комплетна забрана за ГМО семиња и да излезе од блокот од ЕУ кој ќе почитува позитивните листи на генетски модифицирани организми.

Зошто салатата е преценета

Ако салата останеше на својот почетен статус, како прв чекор на една долга неколкучасовна дружба, никој немаше да и се настрви да ја критикува, па да и ги реди сите можни глобални проблеми што ги создава. Откако запнаа да ја направат нутриционистичка светиња, почна и контра-ударот.

Прасето беше Мона Лиза

За оние кои планираат годинава да здуваат на Октобер фест, потсетување дека постирањето фотки од некој фино аранжиран оброк може да донесе и есап за кршење на авторски права и злоупотреба на уметничко дело. 

По 2 века, париските фурнаџии можат да одмораат кога сакаат

Како наследство од Француската револуција, на париските фурнаџии уште од 1790-та им беше забрането летно време да ги затвораат пекарите, со цел да се осигури дека градот и во овој период од годината ќе има пристап до багет.

Несовршените - сервис за грди овошја и зеленчуци

Истите луѓе што во 2011-та ја основаат Мрежата за спасување на храна, преку која успеваат да спасат 315 илјади килограми храна од кампусите на 150 колеџи, сега се фаќаат со уште поголем проект - да го спасуваат грдото овошје и зеленчук низ САД.

Диета базирана на одвратност

Нова студија тврди дека постои едноставен начин да се хакира мозокот, за калоричните јадења одеднаш да се видат не толку привлечни туку грозни. На пример, на оној кој постојано ви ја јаде сланината, да му кажете: Брокула!

Мамурлак од храна и твојот стомак

Има нешто што се вика "мамурлак од храна" и се случува кога не ги следиш сигналите од организмот, а во основа е твоето тело како ти кажува дека си згрешил со тоа што си го изел.

Мрсното стана основен вкус

Научниците порачаа дека откриле докази за постоење на уште еден базичен вкус, она што неуките го вадат од кременадлата.

За ГМО работите

Тоа што војната против генетски модификуваните организми е полна со сеење страв, грешки и измами, нема никако да помогне овие производи да станат побезбедни, пишува Вилијам Салетан за Слејт, кој речиси цела мината година ја троши на пребарување на доказите, за и против.

На ништо од ова да не верувате

Научници, фела со која до сега се согласувавме по секоја основа (од Биг Бенг до вакцини), некако сфатиле дека ја имаат нашата безусловна поддршка за што било, па дека за сè ќе им веруваме на збор. Овој пат нема да може.

И да не сте голема риба, јадете мали риби

Откако главно ги потепавме големите риби, останаа оние помалите. Парадоксално, за да ги спасиме малите рипчиња, треба почесто да ги јадеме. Рене Реџепи се согласува.

Битката за јагоди со вкус на јагоди

За супермаркетите (и препродавачите на пазарите) важно е јагодите по боја и големина да изгледаат како на слика, да имаат колку може подолг рок на траење и да се отпорни на болести. Вкусот на јагода е факултативен.

Глобалното затоплување удри на векната леб

Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.

Религиозниот аспект на модерните диети

Како гуруата на здравата исхрана го навлекоа западниот човек на класичен верски наратив спакуван во површна научна реторика?

Цената на совршено убавиот зеленчук и овошје

Тоа што супермаркетите постојано изгледаат како од реклама, и секое парче овошје или зеленчук е совршено идентично и привлечно за око, е главната причина зошто 40% од одгледаното овошје и зеленчук во САД се фрла пред воопшто да биде избрано за продавница.

Во одбрана на шеќерот

Досегашните истражувања го имплицираат шеќерот како виновник за растечката стапка на дебелеење и за болести како дијабетес, а дел од истражувачите го опишуваат како токсичен. И горе долу, црната кампања против шеќерот, трае веќе стотици години.