Храна

Животни лекции од Ентони Бордејн

Твоето тело не е храм туку е Луна парк. Уживај во возењето.

Кошмарното сценарио во бизнисот со ГМО

Одлуката на синџирот ресторани Чипотл, да служи само генетски немодифицирана храна за многумина не е некој историски настан. Но јасен знак дека потегот е значаен е што тој наиде на бура реакции во медиумите - Чипотл беше наречен неодговорен, анти-научно настроен, ирационален, и сето тоа од перата на Вашингтон Пост, Тајм, ЛА Тајмс, Чикаго Трибјун и голем број други влијателни медиуми.

Во одбрана на смедеревката и кавадарката

Врз основа на научни истражувања и следење на реакции на делови од мозокот се потврдува дека скапото вино навистина има подобар вкус, ама само под услов ако знаеш дека пиеш скапо вино.

Со сила, за туѓо добро

Францускиот парламент вети дека ќе почне да се справува со "националната епидемија на фрлање храна," и за почеток им нареди на супермаркети непродадената храна (која се уште може да се јаде) да ја донираат на добротворни организации.

Сте пробале ли да ставивте бибер на јагоди?

Има фуд трендови кои не се поднесуваат но ова, колку и да звучи блесаво, не е лошо. Дали она што му е босилекот на патлиџанот или циметот на сутлијашот, наскоро ќе им стане црниот бибер на јагодите?                

Се што мислите дека знаете за исхрана е погрешно

Во февруари годинава беше објавено соопштение од луѓето официјално задолжени за следење на тоа што јадат Американците, според кое холестеролот кој го консумираме во храната игра релативно неважна улога во нашето ниво на холестерол во крвта. Ова беше тектонски потрес за се што до сега се зборело и учело за исхраната.

Хипокризијата на "природната" храна

Пред некоја недела "Нејкед Лејбл" сајтот за здрава, природна храна објавува нова налепница со жарко црвена печурка околу која пишува - 100% комплетно природно, а под нејзе авторката на сајтот пишува: "Не можеме да направиме подобра храна од природата." Проблемот е што печурката на сликата е крајно отровна.

Кралот на сирењата

Италијанците никогаш не се срамеле кога е во прашање изразувањето на кулинарската супериорност, па не е ни изненадување што Пармиџано-Реџано рамнодушно го нарекуваат "неоспорениот крал на сирењата."

Одговорите на Гордон Ремзи

По повод 500-та епизода за Фокс Прајм која треба да се случи кон крај на април, Ремзи седнува да одговара прашања на Редит за се и сешто.

Иднината сепак ќе биде вкусна

Идејата дека во иднина човештвото ќе се прехранува со штурци и скакулци е фикс кај најголем дел од футуролозите. Моментално во САД има 30 стартапи кои работат на комерцијализација на штурците како јадење. Добро е што веројатно нема да бидат во право.

Оброкот на шампионите

Ако тргнеме по логиката на Рон Свонсон дека секој човек е 50% кентаур, тогаш сме и 50% професионални спортисти, заради делот со јадењето, не делот со вежбањето.

Ако храната не е здрава, тогаш зошто е вкусна?

Во 80-те кога западниот дел од човештвото го започнува џихадот против дебелината, главен душман се мастите, следни беа јагленхидратите, за денес да дојдеме до шеќерот. Следен на листата ќе биде глутенот. И ништо од ова до сега не помогна да се сопре ширењето на дебелината.

Изгрејсонцето на луксузното овошје

Првата лубеница од сортата Денсуке во сезоната 2008-ма која е продадена на аукција тежи 7,7 килограми. Продадена е 1.610 долари. Годината жетвата на оваа сорта носи над 9.000 лубеници, од кои 65 се понудени на аукцијата.

Науката зад совршено фарбано јајце

Тоа што целата куќа ти мириса на оцет не е за да видиш дека домаќинката стварно фарбала јајца, туку оцетот е клучен за да фати бојата. Знаењето е во тоа колку оцет треба да се стави, а Вајард ова научно го истражува.

Њујорк тајмс за шампитата

Едно од најчестите и најпрости балкански благца, на олигарси во Њујорк им се продава како фенси десерт. Од нејзината едноставност, новинарoт на Њујорк тајмс е толку збунет што шампитата ја опишува како нешто "со шеќер на врвот". Почудно од неа му е само делот на светот од кој таа доаѓа. 

Њујорк тајмс за шампитата

Едно од најчестите и најпрости балкански благца, на олигарси во Њујорк им се продава како фенси десерт. Од нејзината едноставност, новинарot на Њујорк тајмс е толку збунет што шампитата ја опишува како нешто "со шеќер на врвот". Почудно од неа му е само делот на светот од кој таа доаѓа. 

Патот на лактозата

Оригиналниот мит за настанувањето на сирењето е дека во еден топол ден пред 9000 години номад трга на патувањe и со себе носи млеко. Кога стига на својата дестинација млекото му е засирено и со тоа се добива првото сирење. Се ова би било во ред кога луѓето во тој период не би биле нетолерантни на лактоза, па не ни помислувале да консумираат млеко.

Зошто сакаме "гласна" храна?

Звукот на храната влијае врз нејзиниот вкус, вели нова студија. Она пак што нам и до сега ни беше јасно е дека едно е кога ти сам ја крцкаш, а друго е кога некој тоа ти го прави на уво.

Да се појадок или не?

Има доста здрава логиката зад идејата дека појадокот е најважниот оброк во денот, односно дека наутро е важно "да му ставиш гориво на моторот, за тој да може цел ден да работи" или која и да е аналогија што ви ја кажувале. Само што може и да не е така.

Сив лосос со боја на лосос

Бојата на лососот се опишува како „портокалесто-розова" и е толку специфична што постоjaт и кармини со „лосос боја". Иако тоа навистина е бојата на месото од див лосос, онаа на лососот растен во мрестилиште е - сива. Или барем би требало да биде таква, доколку одгледувачите на лосос не замешуваат пелети кои „орозевуваат" во вештачката храна на сиротата риба.

Потекло на дебелото

Моментално САД трошат 190 милијарди долари годишно за терапии и лечење на болести поврзани со дебелината, а стапката на дебелина во земјата во последните 3 децении се зголеми за 3 пати.

Како интернетот создаде готварско едноумие

Масовно благословуваната демократизацијата на информацијата (преку интернетот) имаше погубно влијание на разноликоста на храната, барем според еден слебрити готвач и сопственик на ланец ресторани.

Наш лопов на денот

Засега непознат провалник влегол во позната пекара во Сан Франциско. Внатре имало кеш, ајпади, компјутери. Тој ги украл - рецептите.

Престанете да појадувате, ручате и вечерате

Трите дневни оброци беа фиксови во сите досегашни режими на исхрана кои требаше да помaгаат да се намали тежината. Сега е време сето тоа да го заборавите.