Се што мислите дека знаете за исхрана е погрешно

Во февруари годинава беше објавено соопштение од луѓето официјално задолжени за следење на тоа што јадат Американците, според кое холестеролот кој го консумираме во храната игра релативно неважна улога во нашето ниво на холестерол во крвта. Ова беше тектонски потрес за се што до сега се зборело и учело за исхраната.

Студијата со холестеролот има поголемо значење прво заради тоа кој ја објавува, а после заради резултатите што ги открива. Проблем е што секој ден се појавуваат се повеќе сензационалистички студии од најразлични извори. Со ова се занимава др. Дејвид Алисон од Универзитетот на Алабама, кој наведува неколку причини заради кои "толку многу работи што мислиме дека ги знаеме се погрешни."

Проблемите што ги има во владините научни студии и оние спроведени од индустријата за прехрана, др. Алисон ги дели на:

- неконзистентност и погрешни мерки за внес на храна
- научните заклучоци изведени од откритија често се погрешни
- претпоставката дека јадење на одредени работи е добро за нас, додека јадење на други работи не е.

"Кога ќе почнеме да збориме за тоа колку долго живееш на оваа исхрана или дали ќе добиеш рак или мозочен удар, тоа не е лесно да се студира кај луѓе. Ти требаат голем број на луѓе, кои ќе јадат тоа што ќе им дадеш во долг временски период. Типично, сакаш да имаш илјадници луѓе во период од повеќе години. Одма се гледа дека ако воопшто успееш да ги натераш да го направат ова, дали ќе можеш да си ја дозволиш студијата? Овој вид на студии е многу редок...

... Има неколку работи околу кои сме сигурни. Знаеме дека не можеш да живееш без храна, и дека ако јадеш премногу, ќе се здебелиш. Има одредени есенцијални состојки - витамини и минерали - кои треба да ги имаш. Треба да се осигураш дека мена олово или жива или други отрови во твојата храна.

По ова, базата на знаење станува се потенка и потенка.

Можеби не треба да имаш исхрана која е екстремно богата со заситени масти или транс масти или шеќери. Дали го знаеме ова без никаков сомнеж? Не. Ама знаеме доволно за да кажеме дека треба да имаме предвид дека треба да бидеме претпазливи околу ваквата исхрана.

Токму така треба ова да им го кажуваме на луѓето. Треба да речеме 'ние мислиме,' наместо 'ние знаеме.' Треба да бидеме внимателни да не се преправаме дека знаме повеќе отколку што навистина знаеме," објаснува Алисон.

Компаунд интрест изработи инфографик кој треба да ни помогне да откриеме лоша наука:

 

13 мај 2015 - 18:50