Науката зад совршено фарбано јајце

Тоа што целата куќа ти мириса на оцет не е за да видиш дека домаќинката стварно фарбала јајца, туку оцетот е клучен за да фати бојата. Знаењето е во тоа колку оцет треба да се стави, а Вајард ова научно го истражува.

Златната средина во целата работа е да не се стави премалку оцет (затоа што бојата нема да фати и ќе биде бледа), ниту пак да се стави премногу оцет (иако во овој случај ќе добиете силна боја, ќе добиете и многу меурчиња заради реакцијата на лушпата од јајцето со киселината).

По научна основа објаснувањето е следно: Самите молекули на бојата се натриум соли од фенолна киселина. Кога бојата ќе се стави во вода, јоните натриум отпаѓаат и зад себе го оставаат делот од молекулата со негативен полнеж. Кога на ова ќе ставиш оцет, му додаваш голема количина на слободни протони - јони на водород со позитивен полнеж - кои летаат наоколу со цел да го заземат местото на натриумот кој само што го снема. Нивниот позитивен полнеж делува како магнет, привлекувајќи ги до делумно негативните атоми кои се содржат во молекулите протеин и калциум карбонат во лушпата на јајцето.

Полу научно: бојата на јајцето зависи од тоа како молекулите ги апсорбираат и рефлектираат различните бранови должини на светлината. Меѓутоа интензитетот на бојата зависи од тоа колку силна врска ќе се воспостави меѓу калциумската површина на јајцето и молекулите боја. Оцетот е потребен за да се засили оваа врска.

Во тестот Вајард користи 6 различни раствори за боење. Првиот е обична вода со pH фактор 7, а последниот е чист оцет со рН фактор 3. Сите останати варијабли се исти - јајца, време на варење, време на седење во вода, квалитет на боја.

Обичната вода заради немање доволно киселост воопшто не ја активирала бојата, очекувано бескорисен ефект имал и чистиот оцет кој иако извадил силна боја, таа била целата со меури заради претходно опишаните причини.

Она од што најмногу се разочаруваат од Вајард е што експериментите им покажале дека требало само да ги следат упатствата на пакувањата од бојата - најдобри резултати имало на pH вредност 4, односно една лажичка оцет на 118 милилитри вода (половина шолја).

6 април 2015 - 12:14