Храна

Сив лосос со боја на лосос

Бојата на лососот се опишува како „портокалесто-розова" и е толку специфична што постоjaт и кармини со „лосос боја". Иако тоа навистина е бојата на месото од див лосос, онаа на лососот растен во мрестилиште е - сива. Или барем би требало да биде таква, доколку одгледувачите на лосос не замешуваат пелети кои „орозевуваат" во вештачката храна на сиротата риба.

Потекло на дебелото

Моментално САД трошат 190 милијарди долари годишно за терапии и лечење на болести поврзани со дебелината, а стапката на дебелина во земјата во последните 3 децении се зголеми за 3 пати.

Како интернетот создаде готварско едноумие

Масовно благословуваната демократизацијата на информацијата (преку интернетот) имаше погубно влијание на разноликоста на храната, барем според еден слебрити готвач и сопственик на ланец ресторани.

Наш лопов на денот

Засега непознат провалник влегол во позната пекара во Сан Франциско. Внатре имало кеш, ајпади, компјутери. Тој ги украл - рецептите.

Престанете да појадувате, ручате и вечерате

Трите дневни оброци беа фиксови во сите досегашни режими на исхрана кои требаше да помaгаат да се намали тежината. Сега е време сето тоа да го заборавите. 

Адитиви со додадена штета

Додатоци што служат за продолжување на животниот век на храна како сладоледи, маргарин, пакуван леб, крем сосови и слична преработена храна се штетни по основа на тоа што можат да доведат до проблеми во утробата.

Имигрантски приказни од пиљара

Мексиканец кој со години работи на собирање зеленчук, пребегува во Америка, во Калифорнија. Таму го наоѓа новинарка на PRI (Public Radio International), и го испрашува за секој зеленчук посебно.

Природно ГМО

По дефиниција земјоделие е спротивно од природно. Ништо од она што го јадеме не може да се опише како "природно" без разлика што пишува на него и од каде си го купил (дури и органско ако пишува). Одгледувањето на кој било организам за храна, гориво, спорт или миленик е генетска модификација - ова го правиме илјадници години, пишува Адам Ратерфорд во Гардијан.

Затворена кокошка пасиште сонува

За оние што бараат влакно во јајцето веројатно не е неважно дали јајцето е органско или фри-рејнџ.

Наједноставниот совет за губење килограми

Ако им се подредите на популарните диети, ќе останете само на вода, спанаќ (еден од ретките заеднички именители во различните диети) и евентуално брокула која нормален човек и онака не ја јаде пошто на нормален човек му е одбивно да јаде нешто што личи на херпес на Хулк.

Земјоделство во сала

Од површина од 2.300 метри квадратни собираат по околу 10.000 глави зелена салата на ден, 100 пати повеќе отколку што се добива со традиционални методи, а притоа трошат 40% помалку енергија, и 99% помалку вода. Јапонци.

Венецуела, МекДоналдс и проблемот со помфритот

Централни вести на медиуми блиски до владата, владини функционери и претседателот на Венецуела деновиве се ангажирани во справување со внатрешниот и надворешен непријател - незамисливиот недостаток на помфрит во рестораните на МекДоналдс во земјата.

Зошто речиси сè што мислиме за храната е погрешно

Поранешниот уредник на Британскиот медицински журнал ги анализира петте најпопуларни научни книги за исхрана, по што сумира каде имаме застрането на тема храна: "храбри политики базирани на фрагилна наука, заради што долгорочните резултати се катастрофални."

Случајот со питата со ќошиња

Без разлика на вкусот на полнењето и квалитетот на тестото, постои едно платонски идеално парче во секоја пита. Кое е тоа и што може да направиме околу овој битен ишју?

И ИСИС се по Нутелата

Ако не се фотографиите од обезглавувања, колења и масакри, твитовите на терористите од ИСИС се на ниво на средношколци на екскурзија во странство - ај да сликаме јадење.

Пазар на црно за бебешка храна

Најнаивниот од сите бели прашоци на светот, вештачкото млеко за доенчиња, почна околу себе да собира неочекувана публика - организиран криминал кој прави милиони долари од него.

Со свињогојството се претера

Сакајќи да ги надоместат загубите од болеста која им ги разретчи фармите, американските одгледувачи на свињи претерале со хранење на преживеаните и сега за декемвриските Американците ќе јадат поскапа шунка.

Нездрава храна што и не е така лоша за вас

Дали некој храна е штетна за вас генерално зависи од тоа колку ја консумираш и со што ја појачуваш и дополнуваш. Добар дел од јадењата кои до сега се сметаа за најголеми душмани, во последните години добиваат помилување од науката.

Од "органско" си патиме

Анкета од септември годинава покажала дека речиси 70% од потрошувачите купуваат некаква органска храна. Од овие, само 20% знаеле да дефинираат што е тоа органско.

Како Вивијан Вествуд ја разбира сиромаштијата

На оние кои едвај наоѓаат начин некако да се прехранат, екстравагантната баба им порача да јадат помалку.

Колку е лесно да измамиш луѓе со "здрава храна"

Заради општата параноја-френдли клима во која живееме и медиумски индуцираниот страв од сешто, "здравата храна" е една од оние теми кои веднаш привлекува интерес. Истовремено, темата е многу податлива за шано-мано и тоа не само во земја во која две надлежни институции со недели не можат да се согласат дали има или нема листерија. Да видите само како и експертска Европа лесно паѓа на оваа финта.

А ова е овошјето пред човек да го допре

Она што денес е праска и по сите стандарди е со приближна големина на тениско топче, пред 6.000 години изгледала нешто поголема од денешната цреша. Разликата е што во меѓувреме луѓето почнале да ја одгледуваат.

Пилето ми р'жи рано насабајле

Ние исти, свињите (некогаш има разлика) исти, говедата горе-долу исти. Во последниве 70-тина години, само кокошките рапидно се имаат зголемено за неколку броја.

На која диета беше Клара Цеткин?

Најголем женски проблем во моментов не е мизогинијата и шовинизмот. Најголем женски проблем во моментов е броењето калории.