Храна

Добра и лоша храна за секоја деценија од вашиот живот

Како што со стареење еволуира твојот вкус за храна, така и твојот организам не се однесува исто кон една иста храна ако ја јадеш на 20 и ако ја јадеш на 60 години. Во основа колку повеќе старееш, толку е покревок организмот во однос на твоето мени. Ова се некои од правилата препорачани од нутриционистката и порпарол на Британската диететска асоцијација - Хелен Бонд.

Не суди по амбалажи

Моментално проблемот со прехранувањето на светската популација не е дека не се произведува доволно храна, туку што премногу голем дел од произведеното се фрла. Некогаш и само заради тоа што нешто изгледа грдо.

Жените треба да јадат како мажи за да ослабат

Идејата е дека жените треба да почнат да прифаќаат машки навики, и да почнат да избираат пиво наместо коктели, или да ја отфрлат диеталната храна во корист на полномасни алтернативи, а сето ова доаѓа од човек кој цел живот го има посветено на слабеење мажи и жени.

Ме радува што прасечките уши станаа хипстерска храна

Познатите светски готвачи денес имаат статус на рок ѕвезди. А нивен Елвис сигурно е Ентони Бордеин, лошиот дечко кој во голема мерка го поттикна трендот на американската опседнатост со храната.

МекДоналдс со најлоши бургери во САД

Некои од најголемите синџири за брза храна (МекДоналдс, КФЦ, Тако Бел), го имаат и најлошото јадење во својата категорија. Барем според 30.000 испитаници.

Зошто да не го ставате патлиџанот во фрижидер

Животната одлука што треба да ја донесете е дали сакате патлиџанот подолго да ви трае или сакате да има подобар вкус. Можеш да избереш само едно.

Заблудата околу зборот "природно"

70% од потрошувачите кога на месо во супермаркет ќе го видат зборот "природно", сметаат дека тоа значи дека на животното не му се дадени хормони за раст, за 60% ова значи не се користени антибиотици или други лекови во нивната храна.

Престанете да го миете пилешкото

Така гласи најновата препорака наменета да се сопре ширењето на бактеријата која ја има во месото. Не затоа што пилешкото не треба да се мие туку затоа што ние тоа го правиме погрешно.

Цел ден овошје и пак дебели

Луѓето никогаш повеќе не јаделе овошјје и зеленчук како денес па сепак никогаш не биле толку дебели како сега. Зошто е тоа така?

Како мастите ни станаа непријател?

Здравствена пресуда за мрсното изгледа лесна за донесување: ем има доста калории ем има холестерол кој ти прави проблеми со срцето па умираш порано отколку што си се надевал. Но, дали е баш така?

Сега и млекото предизвикува аутизам

Медиумите јавија дека контроверзната организација за заштита на животните Пета, ја оживува својата стара кампања во која се порачува дека млечните производи предизвикуваат аутизам.

Нутела наполни 50 години

Пред 50 години во италијанското гратче Алба е произведено првото тенџере Нутела. Минатата година во светот беа продадени 365 милиони килограми Нутела, или по 1 милион килограми Нутела на ден.

Што се јаде во најдобриот ресторан на светот

За Реџепи и Нома пишувавме вчера, а и пред некое време. Она за што немаме пишувано е искуството во Нома, а тоа изгледа вака: гостите ги пречекува парада од 20 мали оброци, од кои најголемиот дел нема да личат на ништо препознатливо. Ова задоволство ќе ве чини 296 долари по човек, а виното кое би го добиле со ова ќе биде дополнителни 185 долари.

Рене Реџепи најдобар за 2014-та

По една година пауза на второто место, Нома на Рене Реџепи повторно е број еден на листата на 50 најдобри ресторани во светот.

Како да потрошиш богатство за подобри пилешки гради

Ланецот за брза храна Chick-fil-A користи едно парче пилешко месо во неколку различни рецепти. Сега решија да го сменат начинот на кој го подготвуваат. Ова ги чини 50 милиони долари.

Сакате кременадли? Не така!

Кременадлата е боговско парче месо, честопати подобра и од поскапите делови на благородното животно свињата. Коска, месо и мрсно, хармоничен триумвират на кој тешко му се одолева. Кременадлата е едноставна  за подготувавње како хаику. Ама можеш уште полесно да ја утнеш работата па таа да испадне или ѓон или ѓон. Еве на што најчесто се греши.

Русија нема да увезува ГМО производи

"Ако Американците сакаат да јадат ГМО храна, нека јадат. Ние немаме потреба од тоа," изјави рускиот премиер Димитриј Медведев.

Како индустријата за банани ја убива бананата

Сè што глобалното мнозинство денес подразбира под банана е од сортата Кавендиш. Феноменално добра сорта за одгледување (принос / цена / издржливост), чиј најголем проблем е што сите само нејзе ја садат. Сега оваа сорта ја фати болест која никој не знае како да ја излечи.

Аман заман, не ги ставајте во фрижидер

Нема поголемо задоволство од тоа да загризеш домат, мирисен и месест, тукушто набран од бавча. И покрај привилегијата во земјава да имаме патлиџани на кои остатокот од светот ни завидува, некои од нас прават голема грешка чувајќи ги - во фрижидер. Еве ги научните аргументи зошто тоа не чини.

Секогаш нарачувајте голема пица

Мала или голема пица? Нема тука дилема. Не заради нечиј шумадиски апетит туку заради нормална влашка математика.

Зошто мрсното е толку вкусно

Вкусот и мирисот ја добиваат целата слава кога е во прашање храната. Маснотиите со целата своја способност за создавање уникатни текстури - крцкави или кремасти - не добиваат ни приближно заслужено внимание.

Путерот конечно победи

Најмалку 50 години, добриот природен путер се тепа со разно-разни негови алтернативи кои ветуваа дека се подобри и поздрави од него. Неговиот главен непријател, маргаринот, потпиша капитулација. 

Што има во гумените бонбони?

"100 посто течност. Запаллива течност. НАПАЛМ!" Оваа и слични рецензии кои можат да се најдат на Амазон се далеку поостри од официјалното Харибо предупредување дека бонбоните можат да ви го вознемират мешето.

Раката е мерка на задоволството

Димензиите на вашето секојдневно хедонистичко уживање во убавините на овој живот се наоѓаат во вашата дланка. Не, сепак не зборуваме за тоа.