Храна

Екс-вегетаријанци за моментот кога пак пробале месо

Нова година е редовниот период за давање ветувања пред самиот себе кои никогаш нема да бидат исполнети. Дека прекршувањето на зборот не е толку лошо (а некогаш може да биде и фантастично добро) покажуваат сведоштва на неколку вегетаријанци кои решиле да се вратат кај месојадите.

Кои сè земји влегуваат во тегла Нутела

Турски лешници, малезиско палмино масло, нигериско какао, бразилски шеќер, француска ванила..и македонски мерак да се јаде.

Безглутенско подмачкување

Благодарејќи на познатите од калиброт на Гвинет Палтроу или Новак Ѓоковиќ, безглутенската диета денес е една од најшик режимите на исхрана. Луѓето шпедантно пазат да не голтнат глутен, ама притоа бутаат мрсно без мерка.

Јајцата ќе се апдејтираат

Претприемачите од Силициумската долина одамна размислуваат надвор од класичнaтa информациска и технолошка кутија. Ако овој стартап успее, ќе имаме јајца 2.0

Две во едно

Од јуни до август кинеш зрели домати а некаде на есен, кога доматите завршуваат, го корнеш растението и оздола вадиш компири. Ренде уште му немаат накалемено.  

Јаболкото да се јаде цело

Американците годишно фрлаат повеќе од 13 милијарди долари само на основа на тоа што ја фрлаат средината од јаболкото. Ете повод за една нова иницијатива за која не сме сигурни колку "ќе се фати".

Зошто децата не сакаат зеленчук

Одбивноста кон зеленчукот кај најмладите можеби се должи на природниот инстинкт за преживување.

Дали сланината навистина прави сè да биде подобро

Магазинот Вајард и ФудНетворк анализираа над 900.000 оценки на рецепти од сајтот на ТВ каналот за готвење. Нивната мисија е да откријат што мисли народот за сланината.

Диета: Октоберфест

Надвор од вообичаените принципи за смислување режим на исхрана кој ќе ја намали тежината, човек од Минесота сосема елегантно си ја поправа линијата така што секој октомври е исклучиво на пиво и кобасици.

Брат за брат, сирење за круши

Паралелно со стандардното пазарење по тезги и браусање по супермаркети, во Англија се почест начин на набавка на квалитетна и домашна храна е трампање со други луѓе.

Циганскиот сос стана балкански

Во германската кујна повеќе од еден век постои нешто што се нарекува "цигански сос". Е, неќе моќи. По негодувањата од ромската популација дека ваквиот назив е навредлив, сосот сега се вика балкански. Во име на Балканот нема кој да се лути.

Не го лажете мозокот

Мозокот сака допамин. Допаминот сака шеќер. А мозокот не е толку глуп да не препознае дека пробуваме да го лажеме со вештачки засладувачи. Неговата одмазда за тоа е што завршуваме дебели.

Девојката која јаде 9.000 калории на ден

4 дупли чизбургери со сланина од Мекдоналдс (да, едни сендвичи што ги има во странство), плус калорични шејкови, чоколада и сладоледи. Сè за спортот.

 

Последниот оброк на Ентони Бордејн

Што, каде и со кого би јадел фамозниот њујоршки готвач кога би знаел дека тоа е неговиот последен оброк?

Шеќерот, најголемата маркетинг измама во историјата

Се некаде до средината на 70-те години од минатиот век шеќерот агресивно е рекламиран како дел од правилната исхрана и диетален додаток.

Луксузните готвачи го истребија бранцинот

Популацијата на некогаш бројната риба е падната за 32% од 2009-та и се наоѓа на најниската граница во последните 20 години. Меѓу главните виновници за ова се скапите ресторани.

Обожавате месо? Киви!

Нејќеме да менуваме ничии прехрамбени навики, особено не на идеолошко блиските месојадци. Кивито е за онаа покајничка фаза кога си викате: Свињо, не требаше толку....

Патлиџанот е христијански

Муслиманска група под име "Народна египетска муслиманска асоцијација" ги предупреди муслиманите дека не треба да јадат домати заради тоа што зеленчукот е "христијанска храна."

Етикетите на храната ве лажат

Сите оние табели со хранливите вредности (масти, шеќери, витамини, влакна) на храната иако имаат прецизни бројки, истовремено се крајно непрецизни околу тоа што вие всушност јадете.

Без разлика што пишува во готвачот, не ги мијте пилињата

Има најмалку 11 светски познати книги за готвење кои препорачуваат миење на пилето / кокошката пред да ја ставите да се пече. Наспроти нив, има едно научно истражување, кое тврди дека со перење само ги влошувате работите.

Како се готви во машина за садови?

Едноставно е. Подгответе ja својата омилена комбинација за туна во фолија и ставете ја во машината која обично ја користите за миење садови. Што би се рекло, чиста работа.

Како да погодиш сендвич

Ако им се верува на луѓето кои кажале дека знаат што сакаат да јадат во сендвич, постои врска меѓу вкусот и бројот на различни состојки кои се ставаат во него.

Зошто (вистинскиот) мед никогаш не се расипува

Археолозите кои копаа околу египетските пирамиди во повеќе наврати успеаа меѓу артефактите да најдат и цели садови полни со мед, стар илјадници години кој уште беше добар за јадење. Или, зошто медот не може да има рок на траење.

Хибридни сендвичи

Апсолутен хит летово во Њујорк беше кронат, ефтина и вкусна делиција добиена со вкрстување на кроасан и крофна. Лудилото по кронатот веќе стана глобално а на него се закачија и други стари и нови гастро мешапи.