Храна

Германците на фронт за одбрана на колбасите

Европската криза не беше тема околу која Германците се потресоа доволно за да излезат на улица, ниту пак шпионирањето од Американците не ги вознемири доволно за да се помрднат, сега некој реши да си ја проба среќата и да им ги закача колбасите.

За вистински домашни манџи

Ресторан смее да понуди домашни јадења само ако тие се свежо подготвени, стои во новиот француски закон против подгревањето храна во ресторани.

Зошто Европјаните 200 години се плашеа од патлиџанот?

Од крајот на 1700-те па се некаде до 1880-та, прекарот за домат во Европа бил "отровно јаболко". Причина, аристократите кои го јаделе, постојано се разболувале и умирале од него. Причина, го јаделе во чинии кои имале високо количество на олово, доматот сам по себе има високо ниво на киселост, што на крај завршува со смрт.

Сити и жедни

Во неповрат одат 24 проценти од водата која се користи во светското земјоделство. Како? Преку храната која ја фрламе.

Нека јадат... дрва

Бидејќи на планетава никако да се нафтасаме со храна а дрвја фала богу сè уште има, умни тие научници решиле да ни најдат начин како да ни ги направат дрвата хранливи.

Кога црквата ќе реши дека дабарот е риба

Патлиџанот е зеленчук ако ништо друго тогаш заради фактот дека шопска нема шанси да е овошна салата. А овошје е, прогласено за зеленчук со судска одлука.

Банагода, кивирина и ананарозје

Во време на масовно генетско модификување на секаква храна, Бразилците решија да создадат нови хибридни видови на овошја без ниту трошка чепкање по гените.

Маслиново за подмачкување мозок

На медитеранската исхрана за која досега се знаеше дека е добра за спречување срцеви заболувања и е најден уште еден бенефит.

Дали сте подготвени да јадете од принтер?

НАСА даде грант од 125.000 долари на луѓе кои ветуваат дека можат да произведат 3Д принтер за храна, концепт до кој најблизок е "репликаторот" од Ѕвездени патеки.

Со несоленото се претера

Заедно со шеќерот и белото брашно, солта е еден од трите бели убијци од кои има уплав западниот човек опседнат со своето здрaвје. Сериозно истражување на авторитетни експерти од САД покажало дека главниот ефект кој се постигнува со избегнувањето на солта е тоа што - јадењето е блуткаво.

Големиот црн пазар на украдена храна

Минатата недела од магацин бил украден сок во вредност од над 150 илјади долари, што во амбалажа изнесува (точно) 15.303 шишиња.

Националното богатство - багетот

Со сериозност на Нобелов комитет, жирито на Најдобар багет на Париз седна ги мирисаше, ги мереше, ги проба и на крај го одбра најдоброто француско лепче во земјата.

Зошто бургерите на МекДоналдс не скапуваат?

Деновиве се појави веста за хамбургер од МекДоналдс од 1999-та кој по 14 години не е скапан. Како тоа?

Печурките на виделина!

Иако растат во темни и влажни места, за да видите аир од нив, пред да ги јадете, печурките треба да ги извадите на сонце.

Нешто што може не знаете за Нутела

Ова е еден од ретките брендови за кои речиси никој не може да каже нешто лошо, или па воопшто да помисли. Постои со децении, ја има низ цел свет и сето ова време се произведува во една единствена фабрика, која е толку таинствена што има сопствени инженери кои и ги составуваат машините за производство на Нутела.

Диверзификација на свињата

Иако на сите им е јасно дека најслатко прасечко е интегралното (она кое се јаде цело), продавачите на свинско сметаат дека произвoдот не им се продава најдобро само затоа што различните парчиња месо немаат фенси имиња.

Обои жолто

Жолтата боја на макароните остава впечаток дека тоа фино, здраво, не штеделе на јајца луѓето. А всушност  - жолта петка и жолта шестка се боите, кои обожава да ги користи глобалниот прехрамбен гигант Крафт. Од другата страна на фронтот, двајца блогери.

Зошто никој не може да разликува добро од лошо вино

Веста се однесува за оние што мислат дека можат да разликуваат арома, нијанси и ноти во виното. Оние што се задоволни со основната поделба на бело и црвено, можат да продолжат да уживаат.

Бубачките можат да го решат светскиот глад, ако ни е до тоа

На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.

За глутенот - јадат бабури

Глутенот е еден од новите и ептен модерни плашила во исхраната. 30 проценти од возрасните Американци имаат намера да го елиминираат, а потреба за тоа имаат само еден процент.

Храната поевтинува, како за кого

Во изминатите 30 години храната во САД станува се поевтина, за сите, освен за сиромашните.

Нутелагејт

Универзитетот Колумбија уште на почетокот на годината има проблем со буџетот откако реши секој ден да служи Нутела во студентските мензи.

Тунешко

Тестирање на примероци риба од продавници и ресторани во САД покажало дека преку половина од она што се продава од туна е нешто друго.

Најголемите лаги околу исхраната

Делумно заради тоа што не знаеш, делумно заради здрав разум, делумно заради тоа што секој е експерт, делумно заради тоа што исхраната е прилично компликувана тема, меѓу луѓето постојат голем број лаги, митови и недоразбирања околу храната.