Во својата книга The Tomato in America: Early History, Culture, and Cookery, авторот Ендру Ф. Смит објаснува дека целата работа се менува кон крајот на 19-от век и создавањето на пицата во Наполи, по што доматот почнува да добива на популарност низ Европа.
Освен смртните случаи (кои се сведуваат на труење од олово) на целиот овој страв околу доматот му претходат две (стручни) книги. Во 1553-та италијанскиот ботаничар Пиетро Андреa Матиоли е првиот Европеец кој остава пишана референца за доматот во книгата Dodoens and l'Ecluse. Тој доматот го класификува во групата на афродизијаци. Самата оваа класификација значи дека тој е во ист кош со некои отровни растенија. Ова има подоцнежни реперкусии.
Во 1597-ма Џон Џерард ја објавува книгата Herball, која во најголем дел е базирана на книгата на Пиетро, а мнозинството од информациите (кои од старт биле неточни) Џерард, бербер и хирург, ги ископирал во своето дело.
Иако неточен, ставот на Џерард дека доматот е одвратно растение повеќе од 200 години преовладува во Британија и британските колонии во Северна Америка.
Во тоа време се верува и дека доматите можат да се јадат само во потоплите краишта на планетата, како јужна Европа или средна Америка од каде се верува дека пристигнуваат (благодарејќи на Кортез) првите примероци од зеленчукот. Се до крајот на 19-от век, доматите биле одгледувани исклучиво како украсно растение во градните.
Додека во Европа и понатаму со страв го гледаат доматот, во САД до 1822-ра срамежливо почнуваат да се појавуваат стотина рецепти за јадење со домат. И покрај стравот, до 1850-та, зборот домат во САД добил толку големо внимание што на пазарите почнале да се продаваат и други зеленчуци под ова име. Во 1897-ма, иноваторот Џозеф Кембел открива дека доматите многу лесно можат да бидат конзервирани и тој почнува со производство на супи од домат.
Денес во светот годишно се произведуваат 1,3 милијарди тони домати.