Додавањето на повеќе состојки го прави сендвичот малку повкусен, но тоа истовремено ќе го направи сендвичот умерено потежок за ракување, покажуваат бројките од анкетата на Гардијан.
Во јуни, читателите требаа да дадат оценка за вкусот, структуралниот интегритет и бројот на состојки во нивните сендвичи.
Најпопуларна состојка во сендвич е кашкавал, на второ место е сланината, на трето е доматот, четврта е шунката а петта е зелената салата. Она што е интересно во топ листата на најчесто употребувани состојки е што авокадото е на 10-то место, пред додатоци како чајна, кисели краставички, колбаси и кромид.
Анализата на резултатите покажала дека нема никаква поврзаност меѓу тоа колку е вкусен сендвичот и неговиот структурален интегритет. Меѓутоа имала врска меѓу вкусот и бројот на состојки, како и структуралниот интегритет и бројот на состојки.
Инаку анкетираните прилично високо ги оценувале своите сендвичи. Просекот на вкус во анкетата бил 8,2.