Студијата за безбедност на храната на Универзитетот Дрекслер покажало дека од научна гледна точка не постои основа да мислиш дека на овој начин ја правиш твојата храна побезбедна.
"Единствен начин да ги убиеш бактериите во пилето е тоа да биде добро зготвено," изјавила авторката на студијата, Џенифер Куинлан.
Универзитетот во соработка со Њу Мексико Стејт Универзитетот започнаа кампања наречена "Немој да ја миете вашата кокошка," чиј главен дел е едно анимирано видео од 14 секунди кое покажува како всушност за време на миењето на кокошката вие насекаде во кујната распрскувате бактерии (точките со зелена боја).
Според одредени студии, бактерии можат да летаат и во радиус од 100 сантиметри од местото каде што се мие месо.
Анкетите кои претходеле на истражувањето покажале дека околу 90% од луѓето ја мијат живината пред да ја стават во рерна.