Делумно заради тоа што не знаеш, делумно заради здрав разум, делумно заради тоа што секој е експерт, делумно заради тоа што исхраната е прилично компликувана тема, меѓу луѓето постојат голем број лаги, митови и недоразбирања околу храната.
Ресторан воведува нова политика, тие не се стегаат околу големината на порциите, ама затоа ако ти не ја изедеш цела порција ем ја плаќаш, ем оставаш донација.
Додека Романците се корнат за да објаснат дека тие не се виновни за коњското месо во британските супермаркети, Индепендент во својата анализа дојде до прилично одвратно објаснување за целата работа. По нив, објаснувањето е нешто слично на она - зошто нема кучиња скитници во Кина.
Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.
Во најисчекуваното истражување на зимата непогрешиво е заклучено дека - топлото чоколадо има најдобар вкус кога се служи во портокалова или крем шолја.
Најголемиот христијански празник е време кога славениците најмногу ги секира - нивната килажа. Истражувачите тврдат дека најдобра одбрана од обилните божични софри е долгото џвакање.
Британскиот Cadbury патентираше чоколадо што не се топи: стои три часа на 40 целзиусови степени, го јадеш и прстите ти остануваат чисти. Британците се гневни.
Со децении проетерувано како еден од најсељачките манири при јадење, новиот кодекс за однесување во ресторан дозволува јадење со прсти. За жал, немаме детали за макањето.
Ако до сега проблемот беше дека можете да најдете влакно во храната, во иднина е многу поверојатно проблемот да биде: машинско масло или некој запчаник во јадењето.
Продолжувајќи ја од никого непобараната и непотребна војна против бургерот, научниците сега тврдат печењето плескавици на жар, загадува повеќе отколку шлепер. Претходно, напнуваа околу издувните гасови од говедата.
Вкусот на секое месо надвор од регуларното мени (говедско, свинско, јагнешко и риба) кој не можеш да го опишеш, на крај завршува со етикетата - исто е како пилешко. Целата работа почнува одамна.
Американските деца кои неделно јадат две средни порции туна која често се користи во училишните мензи како здрава храна веројатно земаат 6 пати поголема доза жива отколку што е пропишано во здравствените упатства.
Ако познатиот британски готвач и промотор на здрава исхрана Џејми Оливер мислеше дека неговиот бунт против американската џанк фуд култура ќе мине без последици, дебело се излажал. Изразена во долари, таквата дебелина може да тежи 1,2 милијарди долари!
Јадењето висококалорична храна може да ја стопира дебелината и да го подобри вашиот механизам, се тврди во истражувањето кое по ниту една основа не се базира на советите за исхрана од мајка ви и баба ви.
Ако не знаете колку калории има еден Биг Мек или Мек Фреш, без гајле, во скоро време МекДоналдс планира сериозно да ви ја наруши оваа блажена неинформираност.
Моќна група американски адвокати пред една деценија прописно ја растури тутунската индустрија заработувајќи за себе стотици милиони долари од успешните судски завршници. Во меѓувреме мораа да се задоволат со ситни победи во осигурителните, автомобилските или фармацевтските случаи. Сега го намирисале својот следен голем улов.
Измислена во Франкфурт како нормална свинска кобасица ставена во лепче за да може да се јаде стоечки додека се гледа некоја кралска церемонија. Денес таа може да ја посака само некој кој не знае што има во неа. Што сè содржи една кремвиршла?