Пред 30 години просечното семејство трошело 17% од своите приходи на храна, денес ова изнесува околу 11%. Иако станува збор за глобален тренд, сепак Американците трошат најмал дел од своите приходи на храна во споредба со која било друга држава.
Додека во изминатите 100 години Американците бележат и пад на парите што ги даваат за јадење дома, тие имаат и околу 40% раст на парите што ги плаќаат за јадење надвор (пријатели/ресторани).
На страна бајката што и се случува на "просечна" Америка, сиромашниот слој и понатаму на храна одвојува ист процент од приходите како и пред 30 години (по 16%).
Една друга статистика во анализата на Блумберг покажува дека најбогатиот слој и покрај тоа што денес заработува многу повеќе отколку пред 3 децении, сепак на храна троши ист процент од своите приходи. Тука, најголемиот дел од разликата не е направена заради тоа "што" јадат, туку "каде" јадат. Богатите семејства се повеќе пари трошат на јадење во ресторани.